Лифт хакери

На еден од домашните забавни сајтови се појави кус прилог за тоа како да „хакувате лифт“ (?!)(линкни се). Примерот ми беше особено интересен затоа што работејќи на таа тематика во последниот период, наидов на различни видови хакери, но ова малку го растегнува тој поим и поделби. Само за да овој пост биде нешто малку и корисен ќе споменам дека овој пример во мошне фина форма ја доловува дефиницијата на тоа што е „хакер“: да се најде решение за нешто, да направиш нешто да профункционира, да се снајдеш…

1 Comment Лифт хакери

  1. GoodBytes 08/09/2005 at 19:10

    Или можеби: „Користејќи надпросечно знаење, да уништиш, земеш или измениш нешто што е поставено за општо или нечие туѓо добро на таков начин што ТЕБЕ ќе ти одговара“.

    Инаку, независно од романтичните сфаќања за хакерите како херои на дигиталното време, да се обие нечиј компјутерски систем не се разликува многу како чин од, на пример, разбивањето на бравата на нечија куќа. А знаеме како се викаат таквите луѓе.

Comments are closed.