Заглавени во времето

Не знам колку ви се познати содржините наменети за другите етнички заедници кои преку јавниот сервис се емитуваат во земјава. Бездруго, оној кој видел се уверил дека она што преку тие програми оди во етер е навистина под секакво ниво. Колаж од скрпени вести и народни ора, и од време на време следат некакви импровизирани интервјуа. И тоа секој ден, на неколку јазика. Навистина колку ниско може да падне јавниот сервис? Не верувам дека некој има потреба да гледа такви содржини, особено не денес кога ни се достапни програми и канали кои живеат и работат во своето време, а не нашите редакции кои како да се заглавени некаде во седумдесеттите години од претходниот век и милениум. Состојбата со приватните телевизии кои примарно целат кон дефинирани „етно-гледачи“ е лоша на свој начин, без своја програма (вестите кои ги читаат се главно од МИА), без програмска шема, без кадар. Можеби некој ќе го разбере ова како уште една епизода од локалното мантрање и критизерство на сопствена сметка, но идејата ми беше тоа дека кога некој ќе помисли дека јавниот сервис е лош и за никаде, нека помисли на сега вториот канал, које е убедливо „дно на дното“.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

1 Comment Заглавени во времето

  1. .аНТИ 08/09/2005 at 21:35

    Тачно тачно, ама грешиш дека немаат програмска шема. шемата им е да функционираат како дел од партиската служба за информирање.

Comments are closed.