147 #ПрегледВоПеток – Facebook, LG, TikTok, Matrix…

Петочки и полуесенски го започнувам овој #ПрегледВоПеток Знаете како, кафето во рака и 3, 2, 1….

Лансирани паметните очила на Facebook и RayBan

Веќе некое време јавноста со нетрпение очекуваше што ќе излезе од најавуваната соработка помеѓу Facebook и Ray Ban во изработката на нивниот заеднички производ – паметните очила. И иако фотографии од самиот производ протекоа на интернет и пред лансирањето на производот, сепак деталите околу него беа зачувани за крај.

Не знам за вас, но јас очекував некои сериозни Бетмен sh** од нив и по малку се разочарав кога прочитав дека всушност и немаат достапни екранчиња за AR. Ова всушност е уште еден чекор во следење на потезите на Snapchat кои ја поминаа целата оваа гужва со нивните Snapchat’s Spectacles.

Нејсе, да не им го ругаме трудот на Facebook и RayBan, еве какви опции ќе имате со паметните очила наречени Stories. Ќе можете да слушате подкасти, ќе можете да сликате и снимате со помош на двете мали камери сместени на самите очила, микрофон и гласовен асистент што ќе ви помага да управувате со очилата и без раце.

Воодушевени?

LG иноватор на новиот модуларен екран

Оние што ја започнавте новата сезона на Gossip Girl (и по малку се разочаравте признајте), сигурно го приметивте Samsung телефонот на Џулиен. Светот побудале по овој тренд на телефон на преклопување што го носи стариот добар сјај и момент на драматично спуштање на слушалка, но и целосниот изглед и изум што стои позади ова.

LG вели дека има отидено чекори напред во оваа технологија каде ќе се обиде да го направи овој тренд револуционерен и во повеќе категории како што се таблети, лаптопи и телефони. Не само што екранот ќе може да се свитка навнатре туку ќе може и да се адаптира нанадвор.

Замисли држиш телефон во рака и за одредено видео ти треба поголем екран и само почнуваш да ги влечеш краевите на екранот нанадвор за да го направиш поголем….🤯

TikTok во соработка со MTV VMA’ Award

Ако нешто ги обележа овие две години на интернет, тоа дефинитивно е TikTok. Со раснењето на платформата ден по ден, растеше и популарноста на многу музички ѕвезди и тоа благодарение на некои ликови што до тогаш немале скоро никаква трага на интернет. Тиктокерите – оние светски популарните, придонесоа на милионски купувања на албуми, враќање на многу ѕвезди заборавени од минатото како и бустање на прегледите и преслушувањата на доста музички хитови.

И токму поради ова, MTV смета дека тие се релевантен фактор во избирањето на годишните победници на VMA’ Awards.

Тиктокерите имаат можност да гласаат за музички категории, преку посебна опција додадена од апликацијата а официјалниот канал на МТВ ќе стрима и целосен настан од објавувањето на овие категории денес.

The Matrix Resurrections доаѓа во декември

Да бидам искрена можеби сум меѓу ретките што го нема погледнато Matrix, но знам кој е Киану Ривс, па доволно е 🙂

Новото продолжение на Matrix, The Matrix Resurrections доаѓа во декември и вчера беше пуштен првиот трејлер за филмот.

Па, да ви скратам време, еве што се случува во трејлерот: Нео седи во када со гумена патка на глава и зборува со Барни од How I Met Your Mother, се појавуваат неизбежните ликови од претходните делови, Нео е многу блиску до Џон Вик, има многу експлозии…и да повторно е во фокус изборот на црвена или сина верзија на…Што да ви раскажувам клик и гледајте го…

Бонус линкови

Се читкаме во следен преглед!

Бај.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.