Ден на слободен софтвер 2007

Слободно искористете го текстот и сликата од овој запис.

Токму тоа и го правам 😉

Денот на слободен софтвер оваа година е на 15 септември (сабота) и ќе биде одбележан на повеќе места во Скопје.

Дискови со слободен софтвер ќе се делат од 11 до 18 часот во кафе книжарницата Магор и културниот центар Точка. На овие места ќе има и презентации во живо на оперативниот систем GNU/Linux.

Вечерта со почеток во 20 часот во Мала станица (Медиум) ќе има проекција на филмот „Good Copy, Bad Copy“, и ако останат, ќе има уште дискови за делење.

И малку сопствен текст на оваа тема. Од слободен софтвер користам: (PC) Thunderbird, Firefox, VLC и MC (мислам дека е слободен :); (OS X) Burn, Firefox, Adium, Transmission, VLC . Знам дека може и повеќе, ама сега за сега и ова е доволно.

За жал, голема е вројатноста да ќе го пропуштам овој настан, но сепак ќе се потрудам да го изгледам филмот, во некоја следна прилика.

Technorati Tags: , , , , , .

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.