Повторно за етиката

Веќе еднаш на овој блог беше спомната етиката на новинарите во Македонија (линк), денес имам потреба повторно да ја актуелизирам. Вчера (12.09) на еден див железнички премин во Скопје (најверојатно) самоубиство извршиле две жени. (линк) Случката сама посебе е морбидна и не и е потребна дополнителна помош за да биде забележана. Но нашите пријатели од дневниот весник Дневник не мислат така. Тие на денешната насловна страница ставија фотографија од овој настан, и тоа многу морбидна фотографија. Се надевам дека во текот на денов ќе ја стават на веб и ќе поставам линк.

Навистина не гледам логична причина зошто луѓе кои не сакаат да гледаат морбидни работи на некој начин се присилени на такво нешто, зашто на крајот на краиштата насловната страница ќе ја види и оној што сака и оној што не сака, а тука ги вклучувам и децата.

Поддржувачката логика би била дека на насловната терба да се стави се што би го продало весникот. Но ме интересира дали токму оваа слика би продавала весник. Доколку е навистина така, редно е да ја промениме нашата историја и да почнеме да се претставуваме како морбидни наследници на нашите дедовци и баби.

1 Comment Повторно за етиката

  1. GoodBytes 13/09/2005 at 16:32

    Весникот стоеше на маса цело утро, но сеуште го немав отворено. Ќерка ми само пред некоја минута дојде од градинка. За среќа, прво го прочитав ова, па го тргнав весникот надвор од нејзин дофат. Не дека таа се интересира за весници, но може да и' текне да ги разгледа сликите.

    Лудаци.

    Еднаш порано имав ставено линк кон белата книга за тероризмот на ОНА во 2001 година, која се хостира на сајтот на Дневник. Со црвени букви беше ставено предупредување дека таму има материјали кои не се за сечии очи.

    Како и да е, такви слики не треба да се ставаат на насловна страна на весник.

Comments are closed.