53 #ПрегледВоПеток

Нема вовед денес, брзам да го фатам петокот.

Позиционирање и клучни пораки…

Денешниов (задоцнет) преглед ќе го започнеме со препорака за еден подкаст епизода од еден подкаст кој исто така го препорачуваме. Станува збор за подкастот на нашата драга пријателка Kerry O’Shea Gorgone, во рамките на MarketingProfs.com. Кери ја запознавме пред некоја година на една конференција и еве не година-две подоцна се обидуваме да ја донесеме во Скопје на AllWeb. Во епизодата моја не натера да го препорачаме подкастот гостува минатогодишниот „closing keynote” на AllWeb – Matt Desmier. Тој за ова интервју сам си кажа дека никогаш не звучел попаметно и не кажувал подобри работи. Се разбира зборуваат за маркетинг односно за позиционирање на брендот и клучните пораки. Клик: How to Nail Positioning, Messaging, and Change Management: Matt Desmier on Marketing Smarts

Evolving “nofollow”

Google реши по 15 години да додаде уште два нови атрибути во означување на линковите на вашиот сајт. До сега постоеше само атрибутот “nofollow” што означуваше реклами, спам коментари и сл. линкови кои google сака да ги одвои кога ја анализира содржината на секој сајт. Затоа што интернетот не е ист од 2005 до денес, конечно додаваат два нови атрибути кои може вебмастерите или администраторите на сајтовите да ги користат. Станува збор за rel=”sponsored” и rel=”ugc”. Ако некому не му е на прва јасно, ugc е user generated content. Нормално дискусии за овој новитет веќе има на големо, толкувањата се различни, и како и секогаш ќе мора да почекаме малку па да видиме што точно значи сето ова и кои ќе бидат најдобрите практики.

(Not) Recommended videos

Сте оставиле некогаш YouTube да биде вашиот DJ, ама не да слушате музика туку да ве води низ различни други содржини? После неколку видеа не можете баш да му го фатите крајот нели? Проблемите односно недоволната оптимизација, несредување на багови и лоша модерација се проблеми на алгоритмот за препорачани видеа на YouTube одамна. Но сега Mozilla решила да ја тера правдата па организирала кампања со која ги мотивира и промовира личните приказни на корисниците поврзани со чудните искуства на YouTube.

Media Innovation Lab

И како за крај, еве еден интересен повик за иновативни идеи во областа на медиумите. Регионалната програма за унапредување на медиумите на USAID со помош на имплементаторот Internews распишаа по втор пат повик за учество на: MEDIA INNOVATION LAB. Ова година фокусот е насочен кон иновативни дигитални содржински формати а самиот настан ќе се одржи на крајот на октомври и почеток на ноември во Скопје. Јас бев на првиот ваков настан и навистина имаше супер идеи, ако имаш некоја, пријави ја и бори се за средства за реализација.

Бонус линкови:

За крај во чест на новитетите на Apple кои беа претставени оваа недела: