Авторот е уредник на блогот…

Пред некој ден, листајќи, да не речам читајќи Нова Македонија налетав на еден текст во секцијата со ставови, колумни, писма и сл. потпишан име и презиме горе лево, а на дното пишуваше Авторот е уредник на блогот…

Не можев да сфатам. Што уредува тој автор? Блогот е http://capitalism.blog.com.mk/ и колку што можам да видам има еден автор, не дека ако има повеќе би можел да видам бидејќи blog.com.mk не овозможува повеќе автори на еден блог. Значи може да претпоставам дека се уредува сам себе т.е. своите постови, а во сајдбарот видов дека има вкупно 17 написи од кои 15 се колумните објавени во дневнит весник Нова Македонија каде и јас го најдов.

Може кревам прашина без потреба ама мислам дека не е многу да се очекува ако некој се наканил да користи блог како форма за објавување на содржина на интернет претходно да се запознае со природата на медиумот. Не верувам дека иститот тој уредник би испратил видео за да му го испечатат во весник.

Линкот до Нова Македонија не е од најновата колумна, бидејќи не можев да ја најдам архивата на сајтот па го ставив првиот кој ми се појави на пребарување на Google. Дополнително на сајтот не го видов ни името на авторот, па затоа и не го наведов, (го најдов на блогот го пишувало: Виктор Трифуновски) жалам весникот не ми е при рака.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

3 Comments Авторот е уредник на блогот…

  1. sead93 13/09/2008 at 17:39

    Оф мори мајко 🙂 … постот е сосема на место затоа што детектира една масовна локална хронична појава: „титуларизам“ (титуломанија?) …Што и да е ама да е некој вид на статусна титула, позиција, функција, … , да се навело. Па кај се видело на пример Ноам Чомски да се потпише со проф. д-р?!? Никаде и никад! Кај нас нашите професори на објавени книги пишуваат проф д-р. Мислам дека ова е нешто такво.

  2. Tome 14/09/2008 at 14:42

    Па не му идело да напише „авторот е автор на блогот…“

    „И јас сакам (да бидам уредник на) блог!“ 🙂

  3. Darko Buldioski 14/09/2008 at 22:14

    Бидејќи името му го пишува горе лево (во весникот) доволно е на дното да стои смо адресата на блогот ништо повеќе или едноставно автор на блогот….

Comments are closed.