148 #ПрегледВоПеток – TikTok прегледи, IKEA&SHM, CGI инфлуенсери, Google Museletter

Кога после долго одмарање во петок во 7 ќе седнеш да пишуваш #ПрегледВоПеток, ќе го препрочиташ 3 пати и пак ќе има печатни грешки… Како и да е, еве ги новостите од изминативе денови

TikTok го надмина YouTube во…

Просечното време по корисник поминато на гледање на TikTok видеа е поголемо од она на YouTube. Ова се случи во јуни во 2020та во САД и В.Британија, и од тогаш наваму се нема променето. Но, како што извештајот на App Annie кажува, сепак вкупното време на YouTube видеата сè уште е во водство.

Вам што ви личи како подобра метрика? Ова има длабоко влијание на брендовските и инфлуенсерските кампањи, а сепак маркетерите тријат раце бидејќи имаат јасни метрики која кампања каде ќе треба да се пласира.

Ikea партнерство со SHM

Навикнавме на брилијатни проекти на Swedish House Mafia, но ваков искрено не очекувавме. Имено, музичките феномени SHM и лидерот во креативност за домашен мебел IKEA склучиле партнерство да работат на нов проект со која се надеваат дека ќе можат заедно да ја демократизираат креативноста и музичката продукција, така што луѓето ќе можат да ја разбудат својата музичка креативност и дома.

IKEA објаснуваат зошто се одлучиле на ваков проект:

Сè повеќе луѓе прават музика дома, и за многу љубители на музиката, домот честопати е местото каде што почнуваат да ја истражуваат својата креативност. Предизвикот е што домот често се гради и дизајнира да одговара на потполно различни потреби од оние што ги имате како музички фан или творец.

Оваа колекција ќе им овозможи на луѓето да создадат совршено домашно студио по прифатлива цена. колекцијата ја очекуваме во септември 2022, а јас се надевам дека ќе доаѓа со детално упатство за монтажа :).

CGI инфлуенсери

Корејскиот стартап SIDUS креираше CGI инфлуенсер кој веројатно има многу повеќе следбеници од други популарни инфлуенсери. Овој виртуелен хомосапиенс наречен Rozy дебитираше минатиот август, а веќе има соработка со повеќе од 100 бренда. Во изминатава година има перформанс од скоро милион долари заработка.

Виртуелните инфлуенсери имаат неколку предности на кои треба да се обрне внимание, велат од Sidus:

  • тие не стареат и секогаш се актуелни
  • немаат товар од минати скандали со брендови бидејќи се креирани да се совршени
  • можат да бидат совршено автентични како и вистинските луѓе.

Rozy не е единствената CGI личност, постојат уште неколку проекти кои имитираат вистински личности за маркетинг цели. Виртуелните инфлуенсери веќе доминираат на корејскиот маркетинг пазар. Дали да очекуваме дека наскоро ова ќе стане светски тренд?

Google Museletter?

Google започна да екпериментира и во светот на њуслетерите, со новиот проект наречен Museletter, кој всушност ги претвора вашите Google Drive фајлови во пост или њузлетер формат. Со ова тие сакаат да се натпреваруваат со најпопуларните платформи во оваа област, како Substack, Ghost, Revue и други. Сепак од Area 120, R&D одделот на Google, немаат што да споделат за овој проект и велат дека е многу рано. Но, веб странцата креирана за Museletter дава прилично доволно информации за да разбереме за што се работи.

Ако некој ме познава долги години и следи што сум пишувала низ годните, знае дека Google ми е слабост in a good way и дека секој нов проект го дочекувам онака превозбудена. Да видиме што ќе ни донесе оваа новост!

Бонус линкови

Се читаме во следен преглед!

Убав викенд.

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.