Време е за нова етапа од #ПрегледВоПеток па како за прв преглед после јубилејниот еве што издвоивме:
5 причини зошто Snapchat
Иако (според мои знаења) Snapchat во Македонија беше многу попопуларна апликација пред 5-6 години, новите филтер трендови ја направија ин и во последнава година. А доколку сте бренд или работите за бренд и сте во потрага по нова платформа каде можете да го привлечете вниманието на генерацијата Z, еве 5 причини зошто Snapchat би бил избор за тоа:
- Оваа заедница е поинаква од другите – Snapchat нема „фичрс” како што се лајкови, коментари и споделувања. Snapchat е камера што се користи за креирање на кратка содржина со краток рок на траење, па поради тоа ја прави толку совршена за новата генерација. Тие немаат притисок да ја направат идеалната фотографија од себе знаејќи дека содржината што ја произведуваат нема да остане долго видлива. Ова е причина плус да кликаат и да прегледуваат видеа и фотки.
- Подобри ефекти и градење на бренд во исто време – Со Snapchat нема потреба од двојни стратегии и кампањи. Новата ТВ кампања може да се пренесе совршено добро на овој канал со што со добра адаптиција може да донесе и одличен ефект.
- Искуство – 77% од Snapchat корисниците велат дека вертикалните видеа го креваат корисничкото искуство на повисоко ниво. А што е поважно за бренд отколку поврзување со својата публика на нивен терен?
“Gen Z have a much higher recall of skippable videos than previous generations. They’re much more immersed in these experiences because the way they are exposed to ads has to be different.“
Maria Milenkova from Starling Bank UK
4. Содржината креирана од корисниците е корисна за дигитални брендови – Содржината што корисниците ја креираат во име на брендот е одличен начин да се пренесе пораката преку гласот на новата генерација.
5. Автентичност и различност – Snapchat е заедница што ја бодри и поддржува различноста и индивидуалноста. Ако прашате повеќе корисници на оваа платформа кое е нивното мото, повеќето ќе одговорат исто а тоа е “Биди свој“.
Youtube ја заменува класичната ТВ програма
Сметам дека нема потреба да ставам прашалник во насловот затоа што едноставно ова е вистината последниве неколку години. Youtube стана основен извор на забава и информација и тоа не само за помладата генерација, бројките го докажуваат тоа. Карантинот и новата светска ситуација секако ги забрза работите па новото гледање на Youtube видеа со стриминг на ТВ донесе нови поместувања и во однесувањето на корисниците онлајн. Интересно е што за време на карантинскиот период драстично се зголемиле прегледите на кулинарски шоуа, градинарски видеа и општо видео содржина што е посветена на учење на нови вештини а дури 180% раст е забележан во прегледи на видеа посветени на психичка релаксација и ментално здравје.
Предности и недостатоци на Reels
Дали вреди да се вложува во Reels, секако како бизнис одлука?
Reels е новиот начин на креирање и споделување кратки видеа во рамки на Instagram. После пост, стори, лајв и IG TV, Reels ветува многу кога станува збор за нови (ала TikTok) начини на изразување на креативноста.
Но, дали е паметна одлука да се инвестира во него толку рано. Вложувањето на време, труд и пари во нови платформи од страна на бизнис корисниците во минатото за повеќето од постоечките се покажало како оправдано. Една од предностите на Reels е едноставноста на креирање на содржината, нова опција е па стапката на досег и вклученост на корисниците овде е значително поголема иако на пример тоа може да биде истата содржина од Instagram и содржината е трајна. Но колку од предностите на Reels ги поминуваат недостатоците?
Дали канцелариската култура полека исчезнува?
Ако и на вас ви фали прво утринско кафе испиено во канцеларија, тогаш you are my people 🙂 Не ме сфаќајте погрешно, јас сум all for работа од дома, планина, камп, парк каде и да било сѐ додека работата е завршена. Но, дали новиот начин на функционирање и remote working ќе ја доведе канцелариската култура до истребување?
Постојат многу истражувања за тоа како целата таа филозофија на работење во рамките на еден тим, влијае на квалитетот на работата. Без силна врска помеѓу вработените и заедничка кауза на работењето, дали сѐ полека ќе станува бесцелно? Одлична парче текст на Campaign UK, вреди да се прочита…со кафе…на биро во канцеларија 🙂
Плаќање за линк во caption на Instagram?
Повторно се актуелизира темава дека Instagram планира да наплаќа за линк во опис на пост. Овој патент е поднесен во 2016 од страна на Facebook кога за активирање на линк во caption се бара извесна сума на пари преку pop-up известување.
Од Instagram известуваат дека ваква промена не им е во план за воведување и дека сега за сега ќе си останат постоечките начини на линкање, преку платена реклама или преку стори на верификуван акаунт. Секако “линк во bio” ќе биде секогаш овде за оние што немаат сина штикла до името на акаунтот. 🙂
Бонус линкови
- Stats roundup: coronavirus impact on marketing, ecommerce & advertising
- Chapter 4: Search
- Наставничка го „доведе“ Бил Гејтс на час во Неготино
- Building YouTube Shorts, a new way to watch & create on YouTube
- The Evolution Of The Google Sign Up Form: The Mirror Of The Internet’s Development
- Humanoid robot ASIMO at Ars Electronica Center in Linz 2010
- A Brief History of “Dark Mode”—From the Matrix-like Displays of the Early ’80s to Today
И да ве потсетам, петок е, полека можете да преминете во пре-викенд mode 🙂