Апел до АПЕММ

Веќе подолго време на фреквенциите на трите национални ТВ концесиониери одат наградните телефонски квизови во период од 13/14 до 15/16 часот. Колку што мене ми е познато ова е директно кршење на законот за радиодифузија според кој вакви програми се дозволени само по 17:00ч, не случајно за да се оневозможи злоупотребата кон децата при отсуство на нивните родители. Би сакал сега да ги видам оние трчи-плачковци од АПЕММ каков став имаат кон ваквите прекршувања на законот и што преземаат за да си ги дисциплинираат оние кои ги претставуваат, кога веќе толку законот, правото и правата им значат? О, не, па тогаш ако ги поместат квизовите ќе ги нарушат своите најпродавани периоди за вести! Нема да може, не, не. Па каде се тогаш тука почитуваните и драги гледачи кои ти им ги продаваат на спонзорите? Да, на споследно место, како и обично.

dsc00013.JPG

dsc00014.JPG

dsc00015.JPG

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

3 Comments Апел до АПЕММ

  1. iacovibus 20/09/2007 at 21:43

    Кога почнавме со апели, еве и еден апел до Сојузот на психијатри на Македонија (или како и да се вика телото чија функција се подразбира): лицата прикажани на погорните слики под итно да се хоспитализираат, да им се одреди анамнеза, дијагноза и соодветна терапија; пожелно е и да се задржат на лекување. И тоа што побрзо!

    Поздрав B-)

  2. sead93 20/09/2007 at 21:51

    Да ти признам понекогаш ќе се наежавам кога ќе почнаат да хистеришат „ајде јавете се, ајде јавете се!“ и ќе удрат еден бесмислен монолог до бескрај. Уф, страшно.

  3. GoodBytes 21/09/2007 at 05:24

    Смешки се, да има човек време само да ги снима и избор да прави. Овие квизови ќе постојат додека има овци да се јавуваат, значи ќе ги гледаме подолго време.

    А за законите, ред је ред… права и ДОЛЖНОСТИ.

Comments are closed.