3 #ПрегледВоПеток

Стигна крајот на работната недела, а со тоа и ново, трето по ред издание на #прегледВОпеток. Ние оваа недела во бранови си ги собиравме линковите, еден на сам почеток во понеделник и нова тура вчера, доцна навечер. Овој петок читаме/те за:

  1. 6-секундната реклама е тука! YouTube и го откри на јавноста својот ѕix-second ‘bumper’ ad format уште во април минатата година откако истражувањата покажаа дека посетителите не ги гледаат рекламите на видеата подолго од 6 секунди. YouTube доста инветира во промоција на овој тип реклами, меѓу многуте текстови еве 6 креативни директори одговараат 6 прашања за 6-секундните реклами.
  2. Pinterest реклами. Се зголемува бројот на реклами кои ве таргетираат врз основа на вашите интереси. Благодарение на новиот алгоритам на Pinterest за време на тестирањето на новите категории на интерест, дел од огласувачите забележаа зголемување на click-through rates за повеќе од 50%, додека пак сумата која ја плаќаат по клик се намалила за повеќе од 20%. Ако ништо друго e-commerce дропшиперите ќе се израдуваат 🙂
  3. Instagram со закажување. Веќе некое време има алатки кои овозможуваат закажување и објава на содржина на instagram од компјутер. Grum е еден лесен и доста ефективен сервис токму за оваа намена. Меѓу другото може да додавате и повеќе од 5 акаунти, еве и 7 причини зошто да го користиш Grum, но имај на ум ако те бендиса ќе мора после првите 3 дена да искешираш 10-тина долари за првите два акаунта.
  4. Претпазливо со инфлуенсерите? По големиот бран на глобални платформи кои ги туркаат т.н. mid-level инфлуенсери, пред се на Instagram редно е и да се соочиме со потенцијалните ризици кои ги носи овој сегмент. Веќе некое време се зборува за т.н. Instgram Pods, на темава пишуваа и Нетокрација: лажното влијание на Инстаграм инфлуенсерите.
  5. Викенд четиво. Доаѓа крајот на трговијата како што ја знаеме, факторите сите ги гледаме и знаеме, но како да се адаптираме на промените? Еве едно подолго четиво, како за цел викенд: It’s the End of Retail As We Know It: How Can Marketers Adapt?
  6. Marketer vs. non-technical marketer. Во секоја индустрија па така и во дигиталниот маркетинг има луѓе што прават сè што еден маркетер прави, а сепак се нарекуваат себеси non-technical marketer. Дали може секој да биде маркетер?
  7. Digital Transformation 2017: Disrupting ‘Business As Usual’. Фразата ‘дигитална трансформација’ често почна да се слуша и на локалните „големи” маси, но голем дел од луѓето не го разбираат нејзиното значење. eMarketer направија извештај во кој се опфатени сите работи што треба да ги знаете ако сакате да направите дигитална трансформација на вашиот бизнис.
  8. Ooohh, what does this button do? Ги среќаваме секојдневно и може да имаат најразлична функција – копчиња. Остај тоа, може да бидат во најразлична боја, форма, големина, итн. Еве ви една ретроспективна слика за изгледот на копчињата во последните 8 години.
  9. Material Design Awards 2017. Сакате да ѝм обезбедите што поубаво корисничко искуство на своите корисници? Погледнете ги добитниците на наградата за материјален дизајн и можеби ќе се инспирирате!

Прати ни некој корисен линк во порака на FB ако мислиш дека треба да се најде на овие листи и да му биде од корист на некој друг.

Се читаме следниот петок, а може и порано 🙂

 

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.