Пирова победа

sizif1.gifКо-авторите на овој блог во Relax-иран разговор горе-долу се согласија дека троа непотребно се крена премногу прашина околу рекламата на „T-Mobile“. Се разбира, порастот на влијанието на македонските блогери, кое конечно и се рефлектираше во одлука на „Советот за радио дифузија“, е сосема позитивна работа, но се чини дека овој пат општата реакција беше преизнасилена, потрошена на погрешна тема и едноставно кажано дискутабилна. Сугерирањето на неколку постови дека скокот на ликот од рекламата од висока зграда може да поттикне директно имитирање кај помладите гледачи и некаква суицидалност како и подоцнежната реакција на Советот за Р.Д. се навистина несериозни. Додека оваа реклама ќе оди по 21ч и младите ќе бидат заштитени од неа, истите тие гледачи ќе видат едно седум-осум филмови со каскадерски сцени од Џет Ли и се уште жувијалниот Жан Клод Ван Дам и ќе мора тука да се соочат со поттикнатите каскадерски и суцидални пориви и нагони. Овие ликови, секако, се многу посугестибилни за децата од анонимецот од спомнатата реклама. За жал ваквите, навидум, победи на гласот на јавноста се само илузии дека нешто е постигнато и дека сме заштитиле од медиумските зли духови. Мене лично ми изгледа дека повеќе дебатата или реакцијата, свесно или несвесно, беше поттикната од желбата за дисциплинирање на една силна компанија, и генерирање на некаква престижност отколку што таа ќе смени нешто во поглед на моралноста на рекламите. Впрочем, видете ги неколкуте билборди низ градов со „Flunk me!“ производот. Не верувам дека некој ќе покрене акција против рекламава со млада девојка во сугестивна потклекнатост која ве повикува да ја намачкате. За крај само еден упатен текст на оваа тема од Cultsock.

8 Comments Пирова победа

  1. Gjole 23/09/2006 at 13:04

    До некаде и добро е што има такви реакции, ама кога не се во тек со времето и со приоритетите – некако се млитави и немаат смисла и би рекол смешни се!

    Искрено речено не мислам дека нашиве деца, растени во услови и опкружување во какво што растат, се толку назадни и наивни да помислат дека можат – "да направат исто ко на рекламата" ..тоа повеќе би имало смисла за земји како – Америка / Канада / Јапонија ( ..до душа таму се фрлаат ако изгубат на некоја видео игра – извинете за црниот хумор 🙂 )

    ..поентата ми е дека повеќе би требало да се загрижиме за тоа што на пр. децата кога шетаат низ град немаат тротоар на кој што би можеле да одат, и можеби тоа што после завршување на 8-мо одделение – смислата на животот им се сведува на стоење пред "Опиум" …

    ..како и за секоја работа – така и за оваа има некој редослед, има некоја прогресија која треба да не доведе за да збориме за фини работи, реалноста е дека ние сме далеку од префинетост – и затоа се согласувам со Дарко дека целава оваа прашина околу "Relax" е без врска!

  2. Shepard 24/09/2006 at 18:43

    колку би било закон да почнат да се фрлаат ама МАСОВНО.. локви насекаде..

  3. darko156 25/09/2006 at 10:33

    Џоле, Сеад е автор на постот 😉

  4. darko156 25/09/2006 at 10:37

    Уште еден линк поврзан со темава. Изгледа Сеад заборавил да го вметне 🙂

    moral panic – Wiki

  5. Gjole 25/09/2006 at 13:30

    Еј немав приметено дека е Сеад! 🙂 ..sorry!

  6. sead93 26/09/2006 at 01:21

    Ете ништо не е случајно, Дарко требаше да го напише постот, па јас се убацив и така некако испадна…

  7. sead93 26/09/2006 at 01:35

    Само да додадам на коменарот бр1 на Џоле, се согласувам дека навистина си имаме поважни работи од некои теми кои ги дробат на Запад и кај нас не се толку истакнати или ургентни. Следниов линк „Цунами во Охрид“ ми е типичен пример колку сме опседнати да бидеме дел од западните текови по секоја цена дури и кога е тоа тотална глупост, но ете да сме биле дел од истите теми и проблеми, колку и да си имаме попаметни и поитни нешта.

  8. Gjole 04/10/2006 at 00:59

    …од 10-15 сантиметри!

    …леле дури сега прочитав за Охридското Езеро веста 🙂

    ..па ова да не знаеш дали да плачеш или да се смееш од што е дебилно! 🙂

Comments are closed.