Добар ден и добредојдовте во моето задоцнето објавување на ова издание на #ПрегледВоПеток. Се надевам дека супер ви почна овој петочки ден, а и дека така ќе продолжи. Па да видиме што имаме за денес..
Facebook и неговата токсична врска
Работите во денешницата се многу променети за разлика од тоа кога јас бев тинејџер, Instagram и Facebook беа само за постирање храна, природа и да се чекирам дали сум била у McDonald’s за симпатијата да види и да дојде. The tables have turned. Денеска тие две социјални мрежи се токсични за тинејџерките, а и за сите во глобала.
Во една статија Wall Street Journal во серија написи откриваат дека Facebook води приватен регистар на многу важни луѓе, вклучително и познати личности и политичари, кои се ослободени од строгите правила за објавување содржини што владеат со нас останатите. Во друга статија пак тие покажуваат дека сопствените истражувачи на Facebook ги документирале психолошките опасности што Инстаграм ги поседува за тинејџерите, особено тинејџерките.
Во најновото откритие, The Journal објави дека откако Zuckgerberg вети дека ќе промовира легитимни информации за „Ковид-19“ и вакцините, корисниците на Facebook кои се противат на вакцините или се сомневаат во заканата од „Ковид-19“ го направија она што корисниците на Facebook го прават со години: ги преплавија коментарите под инаку фактички објави со погрешни, лажни и деструктивни здравствени дезинформации. Резутатот беше 1:0 за антиваксерите, за жал бидејќи тие коментари го преплавија цел feed, а пропагандата гордо си замина со уште една победа.
Но, голем придонес за победата во ова има офанзивецот и мајсторот на Facebook играта, алгоритмот. Објавите со многу коментари се промовираат, самите коментари стануваат дел од целокупната порака на објавата и расправите избиваат. Once again, не верувајте во сé што ќе прочитате на интернет, а особено на Facebook. 😬
Како функционираат алгоритмите
Е сега, ви спомнав за магијата на алгортмите, сега да видиме како тие вистински функционираат.
Сите сме свесни дека што и да споменеме, побараме на интернет за краток временски период само тоа глеаме на секој feed. Радио Моф во разговор со нашиот Сеат Џигал и Оливер Новески, од „Бренд Унион“ за тоа како функционираат алгоритмите.
USB-C unites us all
Европската комисија, објави планови да ги принуди производителите на паметни телефони и други електронски уреди да вградат заеднични порт за полнење, USB-C, на нивните уреди. Ова ќе има најголемо влијание врз Apple кој не може да се одвои од својот сопственLightning конектор. Правилата се наменети за намалување на електронскиот отпад со тоа што ќе им се овозможи на луѓето повторно да ги користат постојните полначи и кабли кога купуваат нова електроника.
Ќе дочекаме ли време во кое секој полнач ќе може да ти го наполни телефонот и да не луташ безнадежно барајќи полнач за iPhone, прекерасно! 😏
Бонус линкови
- Netflix is betting big on a world’s worth of children’s stories
- Rooom raises $7M for multifaceted 3D virtual events platform
До следно читање! ☺️
Убав викенд.