Логичките парадокси, од коански тип, се нешто што не се среќава често во новинарските текстови, па таква една раритетна пројава штета е да помине незабележано 🙂
Мажите се попаметни (и поглупави) од жените
Со векови мажите верувале дека се попаметни од спротивниот пол, за кого, пак, мислеле дека е способен само за домашни работи. Сега, едно истражување (?!?) открива дека мажите навистина се поинтелигентни, но исто така и поглупави..Кога научниците ја измериле интелигенцијата на 2.500 браќа и сестри, дошле до непропорционален број од мажи во највисоките 2% и во најниските 2%. Имало два пати повеќе мажи отколку жени во паметната група. Но и во глупчовците имало два пати повеќе мажи. Просечните резултати на мажите се практично идентични со оние на жените.
WTH?!? И сето ова за да на крај да ви кажат дека се подеднакво паметни?!? Изгледа дека како и мажите така и новнирите одат во екстреми, наместо едноставно да кажат што е работота 🙂
Премногу сериозно се ја сватил целата работа 🙂
Изгледа дека како и мажите така и новнирите одат во екстреми, наместо едноставно да кажат што е работота 🙂
Како инаку ќе имаше бомбастичен наслов?
Мажите се двојно побројни во 2% најпаметни и 2% најглупуви луѓе, од жените
или
Има двојно повеќе мажи од жени меѓу 2% најпаметни и 2% најглупави луѓе
Вака некако би требало да биде насловот, меѓутоа ова е премногу долго.
Затоа го напишавме како „финта“, што го правиме екстремно ретко, кога едноставно она што е суштината на веста не може да се каже скратено.
Ако ти текне тебе нешто подобро кажи, одма ќе го смениме 🙂
Не сум сигурен за краток и ефектен наслов можеби нешто како „Мажите побројни и во најумните и најглупавите“), но ваков каков што е семантички е неточен, бидејќи просекот кој што го дава истражувањето вели дека се горе-долу исти, а насловот пак реферира кон општата оценка и не с епоклопува. Но нејсе, не е толку важно, но за еден читател кој онака има едно 5-6 секунди време за читање на оваа куса вест, ова ќе биде
троа комично, велам троа не многу 🙂
Kako toa imalo dva pati poveke mazi i vo pometnata grupa i vo glupavata grupa?!?! Ovie ke da se vo zabluda nekoja?! Da ne zemale cetri pati poveke mazi od zeni vo primerokot? Samo me interesira po koi istrazuvacki varijabili e ova mozno? C c c… neverojatno… :)))
Da bi bilo dobro da imase link da vidime sto i od kade e istrazuvanjeto 🙂
Се работи за истражување спороведено на Универзитетот во Единбург.
А1 Телевизија ги нема оригиналните податоци со кои работеле истражувачите но, се сомневам дека можело да им се случи да прават истражување со неисправен примерок.
Стеван фала за дополнителните информации.