102 #ПрегледВоПеток

Го фаќаме петокот пред завршување на работното време 😉

Facebook ги отстранува ограничувањата за текст во слики за реклами

Facebook ги отстранува своите ограничувања за реклами кои вклучуваат повеќе од 20% текст на главната слика. Сите огласувачи беа контактирани директно со известување за ажурирањето, објаснувајќи дека повеќе нема да ги “казнуваат” рекламите со повеќе текст на сликите.

ТikTok и WeChat успеаа да го избегнат банот во САД

Се надевам дека ова ќе заврши за брзо, затоа што секој преглед зборуваме за ова… ќе станеме досадни сами на себе, а не па вам. 😀

Нејсе… TikTok требаше да биде веќе баниран во САД, но Трамп вели дека им дал благослов и уште една недела одложување, со оглед на тоа дека од TikTok имаат пратено молба за одложување на банот, барем привремено. Трамп го прифатил ова бидејќи TikTok склучил договор со Oracle и Walmart кои ќе поседуваат 20% од глобалната компанија на TikTok.

Но, желбата на Трамп е целосно поседување на TikTok од страна на САД… Дали ќе се случи и тоа чудо?

Facebook и Coursera ќе станат партнери за програма за дигитален маркетинг

Facebook ќе соработува со платформата за онлајн часови, Coursera, за лансирање на нов, сертифициран курс по дигитален маркетинг, што ќе им помогне на големиот број луѓе кои бараат дигитални вештини и сакаат да го подобрат сопственото знаење a воедно да добијат и образование кое е признаено во оваа област.

Учесниците ќе учат преку градење кампањи и ќе се стекнат со дигитални вештини под менторство на Facebook и Coursera. Сите оние што ќе го завршат овој курс ќе добијат сертифициран беџ кој ќе може да си го споделат на нивните профили:

#CelebrateLifePodcast

После кратка пауза, Горан Костовски Indog се враќа со нова епизода од подкастот #CelebrateLifePodcast во која зборува со Ана Бакалинова.

Ана живее и работи во Лондон и има започнато многу работи во Скопје пред интернетот да стане нашето секојдневие. Заедно со Indog зборуваат за нејзината работа, за fake news ерата, подобар свет и освестување во оваа Ковид пандемија.

Бонус линкови

View this post on Instagram

“The Productivity Trap” – new cartoon and post on burnout, the pressure to be busy, and the role of organizational culture in a brand https://marketoonist.com/2020/09/the-productivity-trap.html #marketing #productivity #cartoon #marketoon A recent survey from Blind found that 83% of marketing and communications professionals are reporting burnout, the highest of any job function. There are likely many factors at play, but I wonder how much of this burnout relates to productivity anxiety, the pressure to be busy, and the hustle culture in business. The pursuit of constant productivity can actually be unproductive. As Stanford researcher, Emma Seppala, put it, “our culture is obsessed with productivity. But research shows that attempting to triumph over an ever-expanding to-do list actually works against us.” Since the pandemic started, our work days have increased by an average of 48 minutes, according to The National Bureau of Economic Research. Bluescape found that 77% of employees say establishing boundaries between work and personal life is the most important work skill. Intel recently tried to address burnout by helping employees disconnect from work. In the US, overall vacation requests have dropped by almost half, driven largely by limited places to go. Intel’s VP of HR, Julie Ann Overcash, introduced a “Staycation Challenge,” a creative contest that encouraged people to take time off and recharge. Intel granted additional floating holidays and awarded prizes to help employees bring to life their staycation ideas. When I worked at Method years ago, co-founder Eric Ryan used to say that “the HR Director is the new Marketing Director.” He was referring to the importance of organizational culture in a brand. Marketing flows from the inside out. A healthy work culture is ultimately tied to a healthy brand and a healthy business.

A post shared by Tom Fishburne (@marketoonist) on

Marketoonist on Instagram

И да ве потсетам, петок е, полека можете да преминете во пре-викенд mode 🙂