Капитал ”истражува”

Во четвртокот неделникот Капитал објави текст со налов ”Македонија е информативна септичка јама на Балканот”. Беше најавен на насловната страна, а тоа значи дека е главната тема на бројот. И навистина, авторите направиле ”истражување” во оваа сфера. Сепак и покрај лошиот дизајн (зборувам за печатеното издание) успеав да се снајдам некако низ текстот и да го прочитам детално.

За текстот како целина не би сакал да коментирам, сметам дека секој сам може да ја процени медиумската ситуација во која се наоѓа Македонија. Но би додал неколку коментари за неколку конкретни делови.

КАПИТАЛ: Секој Македонец поминува дури по седум часа пред телевизор, што е многу повеќе од европскиот стандард, кој е околу четири часа. Истражувањата на агенциите кои прават рејтинг на гледаност на телевизиските програми покажуваат дека најмногу гледаме латиноамерикански сапуници и вести (латиноамерикански скроени!?).

Седум часа од што? Денот, неделата, викендот, животот?

КАПИТАЛ: Социолошките анализи одат во правец дека тоа најмногу сакаме да го гледаме, бидејќи нема што друго да гледаме или навистина нашето културно ниво е толку ниско што ништо друго не ни прави мерак?

Кои социолошки анализи? Кој ги направил? Кога?

КАПИТАЛ: “Прво цените на рекламниот простор ги урна МТВ, а откако ослабе нејзината позиција, и се етаблираа А1 и Сител, на пазарот ни уфрлија два нови играчи, Канал 5 и Телма, со што ни беше нанесен голем удар”, вели Перушевски.
Од А1 и Сител велат дека ваквата состојба ги намалила цените за рекламирање што лошо се одразува на сите телевизии.
Стојменов пак обвинува дека А1 и Сител нудат ефтин рекламен простор само за да ги привлечат клиентите да се рекламираат на нивите телевизии.

Пазарното стопанисување познава и пазарно спогодување. Како можеа Мобимак и Космофон да се ”нагодат” за цената на импулсот, како во други бизнис сектори можеше да се направи договор за сами да не си ја закопаат секирата в грб? Иако за волја на вистината ножот в грд на другиот, а малку подоцна и сам на себе, е многу почеста практика кај нас.

КАПИТАЛ: “Се повеќе тие ги диктираат правилата на игра. Пари за реклама се даваат според рејтинзи кои кај нас се прават под не баш јасни услови. (Латас)

КАПИТАЛ: Првите луѓе на телевизиите, кои во своето работење треба да се раководат од овие истражувања, коментираат дека не им веруваат на овие рангирања. Некои од нив дури коментираат дека рејтинзите се местат. На пазарот наскоро треба да се појави нова агенција од ваков тип.

Јас досега во моето скромно набљудувачко искуство не сум сретнал личност во Македонија која има доверба во истражувањата на ”Стратеџик Маркетинг”. Што довело до ваквата ситуација не знам, но останува фактот дека практично не постои веродостојна листа на популарност

КАПИТАЛ: Андревски вели дека и онаа програма што се произведува, освен што содржински е слаба, има и низа системски слабости. Тоа според него делумно се должи на лошата финансиска состојба, но и на отсуството на идеја и лаичкиот пристап на луѓето во телевизиите.
Тој додава дека телевизиите не смеат да заборават дека освен информативниот карактер имаат и едукатвна улога, која сега е комплетно занемарена.

КАПИТАЛ: “Потребите на гледачите се сведени на желби и честитки со слика на славениците на екранот. Тоа за жал беше телевизиски тренд од пред дваесет години кој кај нас сe уште се применува”, додава Шопар.

Во изминатите години државата дозволуваше секој да отвори медиум под изговор дека пазарот ќе направи селекција. “Кај нас тоа не се случи, бидејќи очигледно е дека телевизиите не работат пазарно”, вели Шопар.

Потег на место. Авторите консултирале (интервјуирале) и стручни лица. И нормално тука текстот ја добива својата тежина.

На крај излегува дека ова истражување не понуди ништо ново, освен непрегледно графичко решение, и повторување на еден куп познати проблеми

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

5 Comments Капитал ”истражува”

  1. GoodBytes 25/09/2005 at 05:57

    Прво, како за дете растено со Опстанок, Дејвид Белами и Политикин Забавник, овде е мојата најголема болка: „…телевизиите не смеат да заборават дека освен информативниот карактер имаат и едукатвна улога, која сега е комплетно занемарена“.

    Друго, сакав да ти речам и дека малку е тешко да се распознае каде завршува цитатот, и од каде почнува твојот коментар.

    И за крај, како што и сам велиш, повторување еден куп познати проблеми — не верувам дека има некој кој не знае дека голем дел од денот се гледа ТВ, или дека во понудата доминираат нискобуџетни серии со низок квалитет. Но, ОК е да се крева џева за овој проблем, со (пуста) надеж дека идентификувањето на проблемот е првиот чекор кон неговото решавање. Изгледа сеуште нема критична маса која го исчекорила првиот чекор.

  2. Petar 25/09/2005 at 10:35

    I jas istoto se prashuvam vo vrska so obrazovnite programi… Shto znam, mozhebi internetot denes menuva del od obrazovnite programi na vremeto sto se davaa, no kolku deca imaat doma internet…

  3. Darko156 25/09/2005 at 19:04

    За цитатите, се извинувам. Имав едно решение кое не ми се допадна и по долго двоумење оставив вака, ама очигледно сум згрешил.

    За образовната програма:Не се сложувам дека интернетот ја заменува таа улога (дај боже да е така во што е можно поголем број случаи). 90 % од луѓето кои коментираат за тоа колку е добра кабловската телевизија всушност се навлечени како дрога на Discovery (Science, Civilization..) Travel, RealityTV, и уште некои слични. Се разбира секоја чест на оние кои успеваат да му одолеат и на спортот :))
    Оттаму мислам дека образовните програми се ептен потребни, инаку не би се воодушевувале толку многу на секој документартец направен од BBC.

  4. дамјан 28/11/2005 at 23:37

    Абе гледаш дека со текстот сакале да си ја потврдат тезата 🙂 сфаќаш 🙂

    Него, goodbytes… тоа беа времиња.

  5. дамјан 28/11/2005 at 23:40

    Додуше Алфа и МТМ имаат по некои прилично солидни документарци… не сум им ја фатил програмската шема да кажам колку/како… (ептен малку гледам TV) … ама некогаш случајно кога ќе налетам пријатно се изненадувам.

    Е, сега, веројатно е проблем што во истиот момент сигурно има и некоја шпанска што силом прилике едно дете ќе мора да ја гледа.

Comments are closed.