(web)log ON/OF the web

Одамна не сум читал текстови кои се обидуваат да ги дефинираат блоговите. Веројатно помина онаа фаза во МБЗ кога на многумина не им беше јасно што се блоговите и кога секој се обидуваше да ги сфати и интерпретира на свој еденствен или помалку единствен начин.

Тоа е добро. Бидејќи дефиницијата нема да ја развие или промени суштината на блоговите или блогосферата. Но сепак еве по неколкумесечна пауза, овојпат регионално, наидов на еден пост кој ми внесе мала новина во дефинирањето на блоговите.

Станува збор за српскиот biznis blog, кој во последно време ми стана навика да го цитирам 🙂 Значи:

“Više volim da razlikujem dve kategorije blogova: log (diary) on the Web, i log of the Web. Nekako sam ubeđen da je blog izvorno “log of the web”, tj. Dnevnik dešavanja na Webu iz ugla pojedinca. Otuda i kao jedna od glavnih karakteristika bloga: dosta linkova, referenci i citata sa drugih Web stranica (uključujući i druge blogove). Druga odrednica svakog takvog bloga je bila tematika. U narastajućem moru podataka (ah, poeta), ni sami računarci nisu mogli da se snađu i da pohvataju ono najzanimljivije. I onda blog: pratiš par ljudi koji probiraju zanimljive stvari sa izabranom tematikom – i više ne moraš da posećuješ hiljade stranica sa dešavanjima itd. Blog kao lični dnevnik je nastao kasnije (kad se raširio međ’ mase, a jedino za šta je svako osposobljen je da piše o sebi i ličnim problemima” …biznis blog

Оригинално постов е насочен кон дизајнот на блоговите, но мислам дека таа тема МБЗ ја прочешла во неколку наврати, и сега нема потреба од тоа. Мојот став во поглед на дизајнот: Блог дизајн (претходен пост)

1 Comment (web)log ON/OF the web

  1. Baju Bayi 21/11/2012 at 08:14

    Wow, awesome blog layout! How long have you been blogging for? you made blogging look easy. The overall look of your site is excellent, as well as the content!. Thanks For Your article about (web)log ON/OF the web | К О М У Н И К А Ц И И .

Comments are closed.