Mark Coddington во јануари 2010 објави пост кој со тек на време ми се чини дека ќе стане еден од оние кои ќе станат појдовна точка за дискутирање на одредени теми. Тој во постот појасни неколку од најпопуларните начела/максими на кои се темели денешната дискусија за новите медиуми.
Причината за вакво појаснување е доста видлива. Имено, голем дел од оние кои ги следат темиве, а тука се вклучувам и себеси, често ги употребуваат овие максими без притоа да се потрудат детално да го појаснат нивното значење или да го наведат авторот. Со други зборови, јас си знам што значи и не му ја мислам дали и останатите знаат 🙂 Токму заради тоа ќе издвојам неколку максими од листа на Mark Coddington и ќе се обидам да ги презентирам тука. Однапред се извинувам за непрецизниот и помалку слободен превод. Ако нешто не е најјасно, погледнете го и оригиналниот запис.
1. “Do what you do best and link to the rest”.
Прави го она што го правиш најдобро, линкај го останатото
Од каде доаѓа: Ова е потисот на Jeff Jarvis, новинар, професор и автор на “What Would Google Do?” Jarvis го напиша ова како пост во февруари 2007, на својот популарен блог: BuzzMachine.
Што значи: На кратко: наместо да дуплирате содржина која веќе и онака ја имаат објавено голем број други медиуми само за да имате своја верзија од истата сторија, Jeff вели: Mожете ли вие подобро? Ако не, тогаш линкајте и посветете го времето на она што можете да го направите подобро. Но, за да не го сфатите ова појаснување ограничено, задолжително прочитајте го неговиот пост.
2. “If the news is important, it will find me”
Ако некои вести се важни, тие ќе ме најдат мене
Од каде доаѓа: Неименуван студент кој како анегдота ова го има изјавено за New York Times во текст објавен во март 2007 во кој се зборувало за начинот како младите споделуваат вести за политика.
Што значи: Оваа идеја брзо стана кратко појасување за начинот на кој се консумираат вести на интернет, со линкање, споделување, читање на еден мал дел без огледа дали го имате пред себе целиот текст или оригиналниот извор. Со други зборови, многу, многу различно од начинот на кој се читаат весниците од почеток до крај или пак обратно. Со оваа филозофија улогата на авторитативен арбитар која ја уживаа медиумските куќи исчезнува, корисниците креираат своја сопствена агенда на вести, а нивните најдоверливи извори се социјалните мрежи.
3. “Information wants to be free.”
Информациите сакаат да бидат слободни
Од каде доаѓа: Првиот запис датира од 1984 кога писателот Stewart Brand го рекол ова (според неговите сеќавања 13 години подоцна): ”Од една страна инфорацијата сака да биде скапа зашто е многу вредна. Вистинската информација на вистинско место може да ти го измени животот. Но, од друга страна, информацијата сака да биде слободна затоа што цената по која може да се дистрибуира станува се пониска и пониска.
Што значи: Овој дел е доста контроверзен. Критичарите на економијата на бесплатни информации на интернет често ја земаат ова изјава со чиста економска логика: информациите сакат да чинат 0 долари. Но, другата страна на интернет мисители го дефинираат овој пристап во многу поширока смисла и зборуваат за слобода на пристап, дистрибуција и прилагодување. Оваа фраза стана главна во борбата за слободна содржина (free content) и авторските права (copyright). Секако, некои луѓе кои навиваат за слободата на информациите, како уредникот на Wired, Chris Anderson, уште ја користат во својата монетарна смисла.
4. “It’s not information overload. It’s filter failure.”
Не постои презаситеност или преоптовареност од информации, се работи за неуспешно филтрирање.
Од каде доаѓа: Станува збор за наслов на говор одржан на 18 септември 2008 на Web 2.0 Expo во Њујорк од страна на професорот на NYU и гуру на новите медиуми Clay Shirky. Фразата е цитирана од други, а самиот Shirky ја искажува во неколку слични форми.
Што значи: За да ја сфатите целата идеја најдбро е да го изгледате целиот говор. Shirky подоцна во интервју појаснува дека презаситеност/препотовареност од информации постои со векови и причината зошто тоа изгледа толку проблематично на интернет е бидејќи ние сѐ уште немаме развиено соодветни филтри за сите информации. Идејата е поврзана со неколку концепти на интернет, вклучувајќи ги социјалните филтри и споделување, кураторство и агрегирањето вести.
5. “Our readers know more than we do.”
Нашите читатели знаат повеќе од нас
Од каде доаѓа: Реченицата е скована од пионерот на граѓанското (партиципативно) новинарство Dan Gilmor во 2004 година. Изгледа дека иницијалната форма била: Моите читатели знаат повеќе од мене, и може да се сретне во двете форми. Фразата се појавува и во книгата на Dan Gilmore We the Media.
Што значи: Не мора да се оди подалеку, погледнето го текстот на Jay Rosen од декември 2004 кој ја референцира идејата за “Open Source journalism” – т.е. слободно (отворено) новинарство. Тој појаснува дека станува збор за концепт дека секоја медиумска публика знае повеќе од новинарот, а интернетот и овозможува тоа знаење да го искомуницираат едени со други, но и со професионалните новинари. Ова е чекор кон “the wisdom of the crowd” – мудроста на толпата – уште една од омилените интернет фрази кои имаат појаснување во рамките на новинарството.
6. “The people formerly known as the audience”
Луѓето кои порано беа познати како публика
Од каде доаѓа: Оваа фраза доаѓа од професорот на NYU Jey Rosen. Прв пат е напишана и дефинирана во неговиот пост со ист наслов објавен на 27 јуни 2006. Самиот автор наведува дека оваа фраза делумно доаѓа од Dan Gilmor “the former audience” – поранешната публика, објавена во неговата We the Media. Во јануари ова година Jey Rosen за овој пост изјави: моето најцитирано парче текст и најдоборо меме на декадата само што заврши. … ништо друго не е ниту блиску.
Што значи: Нема полесно појаснување од препораката да го прочитате оригиналниот пост, плус неговите белешки и дополнувања. Своевремено тука на комуникации.нет го препорач(ув)ав овој одличен текст.
7. “Transparency is the new objectivity”
Транспарентноста е новата објективност
Од каде доаѓа: Фразата доаѓа од филозофот за технологија David Weinberger кој за прв пат ја употреби оваа фраза на предавање во Торонто на 23 октомври 2008 година. Подоцна подетално ја дефинирал идејата и ја објавил фразатана 19 јули 2009 година во пост на својот блог.
Што значи: Кога Weinberger прв пат ја кажа ова фраза ја дополни со изјавата: Ние нема да и веруваме на објективноста ако не може да ја видиме дискусијата која довела до неа. Во својот пост тој ја дообјасни својата идеја пишувајќи дека транспарентноста е modus operandi во вмрежен мдиум како интернетот, каде лесно може да ги видиме (и очекуваме да видиме) изворите, влианијата и комукациските канали на одредена личност.
На темава може да го прочититате и овој претходно објавен пост 🙂 – Транспарентност а не објективност е она што се бара денес од медиумите.
tolku e dosadno so ne mozam da citam ponatamu od tocka 1. (iako go skoknav vovedot) i duri vo ovaa recenica najdov mn glupa greska so uste povekje me obeshrabri da ne go docitam. Znaci "Do what you do best and link to the rest" se preveduva: Прави го она што го правиш најдобро, и линкај го до останатите. (ne za dzabe ima TO posle link)
e znaci mnogu me nerviraat vakvi samoproglaseni "IT specijalisti".
me potsekjaat na vladinite "experti" (slucjanost?)
Туф… ме проби дека сум владин експерт… отиде мојата кариера сега…
Митре фала што прв остави коментар. Би сакал да видев со која експертиза можеш ти да се пофалиш…. ама штета… твоево име не дава резултати на Google.
Ај здравје со следниот пост, или пак со некој од изминативе 1300+ може ќе те погодиме…
Добар преглед на тоа што би требало да се прочита за да се биде во тек со „новите“ медиуми. Јас, бидејќи претходно повеќе години работев во „стар“ медиум, не им обрнував многу внимание на „новите“, меѓутоа еве сега прилика да го надополнам пропуштеното. Ќе имам за читање во наредниов период 🙂
Pingback: Tweets that mention Темелни начела на новите медиуми | К О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com
Ах бе, Митре ….
А да одиш на некој од „недосадните“ сајтови (Точка-мочка-кајгана-салама) и да видиш каде последен пат Кејти Пери ги покажала цицките?
Нема да ти биде досадно, прилагодено е за тебе, нема реченици подолги од три-четири збора.
Ванчо, Кејти Пери не е од цурите што покажуваат цицки. Уствари, не може човек да ти замери, цицки не се прилагодени за тебе, пошто буцко ко тебе не верувам дека пипа нешто друго освен тастатура.
Ќе почнам да бришам коментари…. 🙁
Pingback: Кој тоа нас не информира на интернет? | К О М У Н И К А Ц И И