Студентите не знаат да испратат барање за работа преку Интернет

Поразно е што студенти со просечна оценка над девет не знаат сами да напишат или да испратат преку Интернет апликација за работа, изјави вчера Славе Младеновски од фондацијата е-Македонија.

Резултатите од проектот „Информатичко-комуникациски исчекор кон светските стандарди“, што го спроведоа е-Македонија и Фондацијата за развој на информатичко-комуникациските технологии, покажуваат дека голем број граѓани во Македонија немаат персонален компјутер.

Проектот укажува и дека можностите за искористување на информатичката технологија во земјава не се доволно презентирани, јави МИА. …Дневник (28.09.2006)

Кога го најавија овој проект пред неколку месеци, првата реакција ми беше негативна, бидејќи ми изгледаше нелогично зошто се таргетираат студенти. Но по првата импулсивна реакција малку подразмислив и некако ми дојде логично, бидејќи се сетив на огромен број колеги, пријатели и познаници на кои обука за работа на компјутер им е повеќе од потребна.

Еве сега може да посведочиме за реалноста на овој проблем, и да се обидеме да ја поттикнеме понатамошната работа на сличните проекти.

Technorati Tags: , , , , , , .

1 Comment Студентите не знаат да испратат барање за работа преку Интернет

  1. Baju Bayi 21/11/2012 at 09:13

    Wow, superb blog layout! How long have you been blogging for? you made blogging look easy. The overall look of your site is fantastic, as well as the content!. Thanks For Your article about Студентите не знаат да испратат барање за работа преку Интернет | К О М У Н И К А Ц И И .

Comments are closed.