Една стара реклама

Без некоја посебна причина, ми текна да постирам една реклама која ја најдов во една моја архива. Пред неколку години, работев еден семинарски труд за развојот на рекламите во МК (Историски преглед на рекламите во списанијата за жени во Македонија преку примерот на ЖЕНА), и за тие потреби направив доста скенови.

Пред некој ден ја отворив таа архива и онака случајно наидов на оваа реклама. Само мало појаснување. Објавена во текот на 1966 во магазинот Жена. Магазин кој од „Македонка” стана „Современа Жена” па „Жена” па „Жена Нова” за на крај од замре комплетно во декември 2005.

Zena reklama

Немав намера да пишувам за Жена, ама така ме наведе постов. Овој тажен пример е уште едеен сведок дека во државава нема иницијатива за заштитување и негува на брендовите кои носат огромен дел од историјата на нашиот народ, држава, општество. Толку.

2 Comments Една стара реклама

  1. Bi 29/09/2006 at 20:24

    А бе ај па и ти за брендови се секираш 🙂 ко да се малку оние светските кои ќе збришат се друго. Лажни слики и претстави за квалитет. Напумпани симболи без вистинска содржина и вредност.

    Преку глава ми е од брендови. Фала богу што умрел и тој противживотниот (анти-бион). А за „Жена“ шо да ти кажам, сега имаш „Таа“ и „Теа“ и „Комплетна“ и „Космополитан“ и „Воуг“ и „Ел“ и уште многу многу женски списанија. Очигледно жената не се изборила во овој суров свет на брендови. Дури и да гледам еве понормално на ситуацијава пак не би поддржала и заштитила бренд кој не може сам да се одржува, тоа е парадоксално. Што го прави брендот бренд?

  2. darko156 02/10/2006 at 14:30

    комплетно се сложувам за ставот околу брендовите. Ако не го бива, толку чао.

    Не ми беше намерата да пратам порака дека треба по секоја цена вештачки да постојат некои работи.

    Она на што алудирав е дека ЖЕНА има историја во која менувала идентитети, па оттаму ќе беше добро да го смени уште еднаш и да продолжи да живее. Но очигледно им дојде крајот и толку.

Comments are closed.