150 #ПрегледВоПеток – Локален NFT, Twitter tips, TikTok Creator Marketplace…

Добро утро, врне и кај тебе? Изгледа како да не ветува ништо посебно денов а? ОК, тогаш ајде да пробам да ти дадам инспирација да прочиташ нешто интересно и барем дел од овој досаден петок да направиш нешто корисно. Одиме со денешниот #ПрегледВоПеток.

Жарко Башески објави NFT аукција – “Обичен човек”

Некако мерак ми се прави кога ќе започнам преглед со локална вест, и тоа позитивна. Македонскиот уметник Жарко Башески, познат по своите хипер реалистични склуптури објави NFT аукција за своето најпрепознатливо дело. Аукцијата е објавена на платформата OpenSea.io и пласирана на Etherium блокчејн. Аукцијата ќе започне од 1-ви октомври и е во план да трае 1 недела.

Форматот на NFT-то е видео фајл/анимација од најпознатата скулптура на уметникот која го носи истото име “Обичен човек” и е во моментот изложена во музејот Ла Бовери во Лиж, Белгија

Пред многу години имав можност да работам со Жарко со цел да ја подобриме видливоста на неговите дела на интернет. Уште тогаш многу ме радуваше фактот дека уметникот размислуваше во чекор со времето. Овој потег сега е само уште еден доказ дека Жарко не се откажал од својот прогресивен и модерен пристап. Баш ме радува.

Twitter овозможи давање „бакшиш” во биткоини

Twitter е првиот голем сервис кој овозможи и охрабрува трансакции со крипто валути. Во исто време со оваа најава компанијата ги најави своите планови да им овозможи корисниците да верификуваат NFTs преку нивната платформа.

Twitter ја тестираше опцијата за бакшиш некое време, и деновиве конечно ја пушта да биде достана за поширока публика. Покрај опцијата за трансакција во биткоини на располагање се уште 9 други стандардни валути кои како и самата трансакција на крипто валутата се управувани од надворешни сервиси.

Digiday – The long goodbye

The Long Goodbye е серија од 10 написи со кои Digiday се обидува да разјасни како ќе изгледа маркетинг индустријата по завршната фаза на елиминирање на т.н. third party колачињата од страна на Google.

Во објавите ги разгледуваат различните можни импликации за големите играчи вклучувајќи ги напорите Apple да влезе во светот на рекалмирањето со своја понуда.

YouTube тестира опција за download на видеа

Не дека баш нешто многу ни фалеше, ама добро… сепак заморно е да се бори човек со спамерските реклами на сомнителните сајтови за преземање видео од YouTube. Перидов некои корисници на премиум услугите на YouTube забележале дека сервисот тестира опција со која може да се преземаат или симнат или даунлодираат видеата. Нема детали дали дали сите видеа можеш да ги зачуваш и дали може да ги имаш на своја локална меморија… Според скриншотот кој е достапен изгледа дека е можно само да го зачуваш видеото на својот акаунт и во браузер за понатаму да можеш да го користиш без да ти троши интернет… не знам, ќе видиме што ќе испадне од сево ова.

TikTok World

На 28 и 29 минатиов месец TikTok го организираше својот прв виртуелен настан наречен TikTIk World на кој претстави голем број новини за брендовите. Фокусот беше на подобрување на соработката на брендовите со цреаторите на содржина и т.н. брендирани партнерства преку Creator Marketplace. Меѓу другите опции сега на оваа платформа брендовите ќе може да си ги објавуваат своите кампањи и креаторите сами да се пријавуваат за учество во истите. Сега Creator Marketplace има и свое API и ред други детали… ама за жал уште нема на повидок self serving платформа за управување со реклами. Кога ќе размилслам можеби и подобро е да нема… ќе се смени TikTok на полошо…

Бонус линкови

Ако исклика се што треба… ти благодарам, и ти посакувам убав ден и сончев викенд.

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.