103 #ПрегледВоПеток

Убави вести за нас маркетерите (и општо корисниците на интернет) во денешниот #ПрегледВоПеток 🙂

Cross-platform допишување на Instagram и Messenger

Facebook ги интегрира своите платформи за допишување, дозволувајќи им на корисниците на Messenger и Instagram да праќаат пораки на двете мрежи истовремено.

Дополнително, Instagram доби нови алатки преземени од Messenger. Овие алатки вклучуваат селфи стикери, персонализирани емоџиња, бои на четови, нови начини за блокирање пораки. Достапна ќе биде и Watch Together опцијата која дозволува да гледаш видеа со пријателите додека сте на видео повик.

Опцијата за cross-platform допишување не е достапна за сите а корисниците ќе можат самите да одлучат дали ќе сакаат да ја користат или не.

Facebook ќе ги унифицира најавата и информациите за плаќање

Новиот Account Center на Facebook ќе им овозможи на корисниците да објавуваат содржина на Facebook, Instagram и Messenger истовремено. Исто така ќе ги запамтува информациите за плаќање за нарачки направи на Facebook и на Instagram.

Корисниците ќе можат да изберат да ги синхронизираат деталите на својот профил, како нивното име и слика. Ова значи дека ако се променат информациите на Facebook, автоматски ќе се променат и на Instagram.

Оваа одлука ќе биде од големо значење за брендови и инфлуенсери кои сакаат да ја споделат истата содржина на своите профили. Запамтувањето на информациите за плаќање ќе им го олесни шопингот на корисниците.

Големи tech компании ќе бидат банирани за фаворизирање на сопствените сервиси

Европската Унија планира нови регулации кои ќе резултираат во бан за сите tech фирми кои ги фаворизираат сопствените сервиси во резултатите од пребарувања или со пре-инсталација на сопствените апликации на уреди.

Иницијативата е покрената бидејќи големите гиганти Apple и Google овозможуваат сервиси низ голем број сектори и како конкуренти сè повеќе и повеќе се потпираат на своите платформи за нудење на сопствените сервиси.

Генерацијата што работи на обновување на општеството

Во второто годишно издание на Culture Next, Spotify нè запознава со Gen Z. Во овој извештај Spotify разговараше со припадници на Gen Z од целиот свет – претприемачи, активисти, уметници, млади семејства и многу други.

Извадија нови податоци, меѓу кои:

  • 62% од припадниците велат дека нивната генерација е подготвена целосно да го обнови општеството и
  • 65% велат дека планираат да бидат или веќе се ‘сам свој шеф’.

GG подкастот се враќа во октомври

Како и секоја година така и оваа, првата епизода од GG подкастот доаѓа првиот понеделник во октомври, а тоа овој пат се паѓа на 5-ти. IT.mk во интервју со Гораст Цветковски зборуваат за тоа што може да се очекува во новата сезона, колкав е интересот за гејминг индустријата кај нас, излегување на нови игри и многу повеќе.

Бонус линкови

View this post on Instagram

“Flipping the Script” – new cartoon and post about customer experience and changing the the excuse mindset https://marketoonist.com/2020/09/flipping-the-script.html… #marketing #cartoon #marketoon I once heard Hubspot co-founder Dharmesh Shah advise businesses, “Don’t make your process my problem. Solve for my success, not your systems.” Six months into the pandemic, this strikes me as good advice for brands to think about their COVID response as well. Many businesses continue to follow the same stock script using COVID as an excuse for all manner of customer experience let-downs, from long hold times to order delays to inflexible return policies (not to mention behind-the-scenes business practices of delaying payments to small suppliers or simply being unresponsive). Many of these excuses are valid and legitimate. But I think there’s an opportunity for brands that can flip the script. Tom Rector, founder of ScreenBroidery, is taking a stand that this is a time to delivery better service, not worse. His company is trying to differentiate itself by exceeding expectations. A typical ScreenBroidery delivery notice reads: “Due to COVID and our commitment to you, we are shipping your order on time or ahead of schedule.” Tom recently articulated their company philosophy as “COVID is not an excuse.” As he put it: “We can all admit this COVID situation sucks. However, it should never be an excuse to underperform. Daily, I am receiving emails and messages on why orders are delaying, why wait times are longer than usual, why missed phone calls are not returning, why proposals are not prepared and sent… and on, and on, and on… “If we are going to reboot this economy, we have to find solutions to problems caused by COVID and stop letting the situation be the reason why jobs are not completed in time… “I’m on a mission to change the COVID excuse mindset, and I debate whether using COVID as a reason is legitimate…. “As entrepreneurs, we HAVE to find a way to get the job done. And as consumers/customers, we must stop letting companies off the hook for giving excuses…” Opportunity can come by zigging when everyone else is zagging.

A post shared by Tom Fishburne (@marketoonist) on

Marketoonist on Instagram

До следниот преглед во петок 😉