Препознавање

Изминативе неколку недели во сабота го купував ”новиот” Форум = Форум Плус. Тој е нов по форматот, по содржините и секако по периодичноста. И тука нема ништо лошо. Екипата се збогати, темите на содржините се збогатија исто така.

Своевремено Форум беше репер и мерило за тоа до каде стигнало македончето во повеќе сегменти. Еден од нив со сигурност можам да тврдам дека беше дизајнот. Навистина на времето (чинам кога ЗипЗап беа задолжени за тоа) весникот изгледаше многу солидно. Но оттогаш наваму нешто фали.

Уште при месечното излегување можеше лесно да се забележи дека квалитетот е опаднат. Но сепак се чини дното го допира сега ова неделново издание

Сите знаеме дека како дел од градењето на упешен бренд мора да постои и препознатливо лого. Лого кое стои на насловната страница, кое се гледа на трафика, лого кое треба да се препознае од 100 метри.

Што се случува со Форум?

Тие во својот прв број ставија лого кое изгледаше како да е направено за 5 минути.

Во вториот број го сменија. Ги променија позициите на основните бои, го сменија фонтот, со еден збор ставија ново лого. Кога ќе се земе предвид дека првото не го биваше, можеше да се очекува промена.

Но дали промена се прави и во третиот број?

Рака на срце, сега е варијација на второто но сепак, е различно.

Зошто го пишувам и мрчам за сево ова? Форум е еден од поквалитетните македонски брендови. Бренд кој го граделе повеќе луѓе, бренд кој го воздигнуваат сите кои дома ги имаат броевите од прв до последен

Дали е потребно олку несериозно да се однесуваат креаторите на овој бренд со неговиот имиџ. Навистина, можеби на многумина не им е важно сево ова што го забележав јас, но сепак не се работи за кои треба да одмавнеме со главата. Ова ја покажува нашата незрелост и несериозност почнувајќи од најситните детали.

Впрочем постои едно правило кое вели: Доколку сакате да видите во каква држава сте погледнете им ги весниците и ќе добиете комплетен впечаток.

Во своја одбрана: Не го пишувам постов за да навредам некого туку да апелирам да се сфатат работите посериозно.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

2 Comments Препознавање

  1. oFFchar 03/10/2005 at 02:10

    па и вуна е бренд, па го мењам секој ден изгледот 🙂

  2. Darko156 03/10/2005 at 15:04

    Како ли можеше да го споиш надалеку познатиот бренд ВУНА со овој. Па ВУНА само по себе како текст е доволен за препознавање, не му треба графичко решение кое ќе го истакне.

    пиши на ѕид ВУНА, а веднаш до него пиши ФОРУМ и ќе видиш на што ќе трзне народ.

    :))))

Comments are closed.