56 #ПрегледВоПеток

Симона е на одмор, заслужено. Не дека нема интернет… ама сепак ред си е да и дадеме оддишка. Еве сме со супер интересни линкови и секако неколку важни информации.

AllWeb – еве го пред нас

Есен за нас веќе 8ма година по ред значи AllWeb, од пред 4 години значи дупло AllWeb, еден во Скопје и еден во Тирана. Оваа година, конечно, ќе имаме за нијанса помалку говорници на сцена и на едниот и на другиот, а тоа го правиме со цел да обезбедиме повеќе простор за дискусија, прашања и споделувања искуства. Ќе има уште детали тука, особено за овој во Скопје, така да сега за сега доволно е да се пофалиме дека и оваа година во рекордно време ги снема super early bird влезниците, а сега актуелна е early bird понудата. Ме радува дека публиката години наназад си го планира и со нетрпение очекува овој настан. Горди сме.

Ајде сега со ред.

WeWork пред банкрот

Не следиме премногу често настани од старап светот, но WeWork, веројатно најпознатиот ланец на co-working места во светот, за рекордни 6 недели е на прагот на банкрот. Интересно е затоа што пред само 6 недели процената за нивната вредност била околу 47 милијарди долари. Излегувањето на берзата ги наруши домашните математики и на површина излегле работи кои не биле баш за јавност. Како и да е, причината зошто оваа вест е тука е заради, моето лично убедување, и не е само мое, дека се претера со вештачко, да не речам неосновано, пумпање на вредноста на стартап компаниите пред се од Америка. Мора малку спуштање на земја.

Google ќе приоретизира оригинални содржини

Вака според насловот ова и не е така новост, одамна знаеме дека Google си сака оригинална содржина, но еден интересен апдејт стасал на почетокот на септември, а ние сме го промашиле… Имено, Google најавува дека кога станува збор за вести, оригиналните, односно првите текстови кои ќе бидат индексирани ќе добијат шанса подолго време да бидат погоре во резултатите на сметка на оние понови текстови на истата тема. Па така сега изворите кои генерално имаат добар третман од Google или имаат понова верзија на истата сторија ќе може да очекуваат помал број посети.

Pinterest воведува нови шопинг реклами

Не пишуваме често за Pinterest, ама неговите напори да влезе посериозно во шопинг навиките на корисниците мора да се следат. Во својот последен апдејт тие воведуваат т.н. Shop the Look реклами, отвораат шопинг реклами за повеќе пазари а и го редизајнираат изгледот на бизнис страниците. Користиш Pinterest, за што?

Instagram – Clickbait 2.0

eConsaltancy фаќа интересен агол со супер корисни линкови во својот текс: Is Instagram’s popularity giving rise to Clickbait 2.0? Си криењето на лајковите, прегледите сега стануваат новите кликови, на Instargram. Ова значи дека нема ни потреба од заведувачки наслов, нема потреба да ја носите публиката надвор од Instagram, клучот е во бројот на прегледи. Но од друга страна ова значи и дека ризикот од казни од страна на самиот сервис е поголем. Анализата е одлична и секако препорачана за читање, развојот, будно ќе го следиме.

Бонус линкови

Се читаме следниот петок!

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.