Текстот оригинално е објавен во септемврискиот број на додатокот Претприемач.мк издаден како додаток во дневниот весник Нова Македонија подготвен од ПСМ Фондација. Верзијата подолу има мали промени во споредба со објавенит текст.
Голем број истражувања секојдневно потврдуват дека при изборот на производ или услуга на нашите одлуки големо влијание имаат нашите пријатели, познаници и роднини. Тоа се всушност луѓето со кои сме во секојдневна интеракција и на кои им веруваме. Иако вакви истражувања не се спроведувани во Македонија (колку што имам јас информации) сепак ова ни од далеку не значи дека нашиот пазар е исклучок. Особено ако се земе предвид нашата култура на „да пиеме на кафе” како редовен повик за социјализација.
Денес знаеме далеку повеќе детали од животот на нашите блиски
Ове процеси не се поинакви денес кога комуникациските средства, благодарение на брзиот развој на технологијата, ни овозможуваат непречена комуникација и интеракција со уште повеќе пријатели на многу различни канали. Секако дека нема причини да бидат поинакви, туку напротив денес благодарение на Facebook, Twitter, Foursquare и други слични сервиси ние знаеме далеку повеќе детали од животот на нашите блиски (и не толку блиски).
Во ерата на онлајн сервисите за вмрежување ова директно укажува дека влијанието кое го имаат нашите социјални мрежи е уште поголемо. Денес, можеби повеќе од кога било досега, нашето секојдневие е под влијание на агендата која е креирана од нашите пријатели и луѓе со кои делиме интерес, наместо, како досега, од традиционалните медиуми. Погледнте го вашиот Facebook зид и ќе сфатите на што мислам. Информациите кои ги добиваме најчесто се од нашите пријатели и од компаниите односно брендови кои заради различни причини сме одлучиле да ги следите.
Локалните компаниите како да не веруваат дека интернетот има влијание
Но, покрај овие факти, и покрај огромниот број Facebook корисници од Македонија, и растечката бројка на интернет корисници, сепак бизнис заедницата се уште не презема доволно иницијативи со кои конечно ќе покаже дека, верува дека работите што ни се случувааат на интернет имаат големо влијание врз нашето секојдневие. Маркетингот денес е променет, и тоа променет токму под влијание на онлајн комуникацијата. Денес маркетингот е конверзација, муабет. Денес брендовите комуницираат со своите консументи на исто рамниште. Комуникацијата е двонасочна. Но не само декларативно, туку навистина, комуникацијата се менува од самата срж.

Во онлајн односите со јавност постои една фраза која вели: можеби вие не се занимавате со интерент, но интернетот се занимава со вас. Токму така, денес ниту една поголема и посериозна компанија која гради позитивно бренд присуство на еден пазар не смее да си дозволи да нема активно присуство на интернет. Значи, не само присуство, туку активно присуство. А тоа значи да слуша, да одговара, да комуницира и да внесува/додава нови вредности за заедницата. Ако сето ова е напревено со добра долгорочна стратегија и ако постои транспарентност не постои сомнеж дека за кратко време самите корисници ќе почнат да ги полнат зидовите на своите пријатели и познаници токму со нивните понуди, производи и услуги. Патот до таму не е лесен. Потребна е инвестиција, но не толку многу голема финансиска колку што бара инвестиција во знаење и инвестиција во волја за промена.
Потребна е искрена вола за промена
Токму тоа е најголемиот предизвик со кои мора да се соочат и нашите локални компании. Пазарот се менува, а соодвтно на тоа мора да се менуваат и маркетинг техниките и алатките. Интернетот нуди мноштво од алатки за релативно малку пари, но за да може да се искористат правилно потребна е искрена вола за промена. Искуството од развиените пазари покажува дека оние кои успеале на време да го сфатат тоа сега се чекор пред другите и со совите успешни кампањи и активности денес ги полнат студите на случај во сите популарни книги.
Pingback: Tweets that mention Потребна е инвестиција во волја за промена | К О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com