“Hack in the Box” е една од оние, барем досега, ретки конференции и собири на кои покрај хакерите учествуваат и специјалисти за сигурноста на разни апликации, мрежи, системи и софтверски експерти.
Ваквите конференции ги навестуваат промените и ја сигнализираат умерената тенденција полека да се демистифицира „хакерството“ како исклучиво штетна и деструктивна појава, а самите хакери во одредена смисла да ги ре-социјализира во кибер-просторот.
Интересно е дека на овој собир, како и на неколку претходни, како учесници се позабележани се експертите за сигурност на „Microsoft“ кои во периодот пред дистрибуирањето на нивниот следен голем прокет (Windows Vista) полека како да прифаќаат „преговори“ со досега своите закоравени соперници и противници хакерите. Само во ваков контекст насловот на следната статија на “Computer World” не би требало да прозвучи шокантно: