Постoв доаѓа како продолжување на еден не така одамна објавен пост каде цитирајќи еден британски професионалец се обидов да пренесам дел од одговорот на прашањето: Кој треба да работи маркетинг на социјални медиуми?
Во мојата работа константно следам и размислувам за следни или можни соработници, за луѓе (професионалци) со кои може времено или долгорочно да се соработува и секако да се вработат и навистина го разбирам предизвикот за кој зборува во следново видео Jason Wellcome, senior VP за дигитални комуникации во Weber Shandwick.
Потреба има, има и луѓе кои го работат ова, но да ги најдеш вистинските во кои ќе може без воздржување да инвестираш е навистина предизвик.