Работите се придвижуваат, локалниов пазар оди напред, почнуваат да се појауваат сериозни мали стартап компании од разни области а особено ова е присутно во ИТ секторот. Млади дечки работат по современи, да не речам американски, принципи.
Следствено, прашање на време е кога некој сериозно ќе помисли да ги вклучи и боговите во својата стратегија. Вклучувањето на блоговите во корпортивната стратегија може да се одвива на повеќе различни нивоа. Најчесто и најочигледно е креирањето на сопствен блог. Користа од поседување и одржување на блог може да се манифестира на многу ралични начини. Доколку те интересира тоа доволно е да впишеш на Google “benefit of bloggin” или погледни ја оваа листа на 10 Great Strategic Benefits of Blogging
Но, дали вашата копманија е подговтвена за таков чекор? Дали сите услови се исполенти?
Пред да се донесе одлука за корпоративен блог мора да се земат предвид неколку основни работи, се со цел да не се помине низ негативно искуство, затоа што сите кои поминале малку време во некоја блогосфера знаат дека може човек и да се изгори. При донесувањето на одлука за корпоративен блог неопходно е да се разгледаат:
- Користа од блогот: односно која би била директната полза од блогот, дали тој ќе влијае на продажбата на одредени прозиводи и услуги, дали ќе влијае на односите со јавноста, на комуникацијата со клиентите на развој на човековите ресурси и сл. па соодветно на целта или желбата да се одбере и соодветен тип на блог.
- Потребата од соодветни ресури. Тука треба да се земе предви вештината и познавањето на природата на блог комуникацијата, како времето кое треба да се потроши за оваа работа и секако знаењето кое треба да го поседува корпоративниот блогер за областа за која тој би пишувал. Тука не теба да се занемари и познавањето на самата компанија.
- Можните алтернативи. Откако ќе се донесе одлука за типот на корпоративен блог неговата цел и авторот, односно авторите на истиот мора да се разгледаат и алтернативите за постигнување на истите цели. Понекогаш некои од целите може да се постигнат на друг, поефективен начин со комбинација на неколку веќе применувани техники со помал ризик и помалку потребни ресурси.
- Факторите на кои тешко се влијае. При работа со блог и учествување во децентрализираната дискусија, компанијата преку корпоративниот блог е изложена на голем број надворешни и внатрешни фактори кои делумно или целосно не можат да се бидат променети во краток временски период. За секоја компанија и секој тип на блог постојат голем број на различни вакви фактори, но сепак некои се пресудни т.е заеднички за сите. Многу е важна културата и транспарентноста на компанијата, дали како структура таа е подговена да сподели информации за процесите на креирање на своите производи и услуги, дали е способна да дозволи и прифати двонасочна комуникација и сл.
По детално разгледување и анализирање на овие четири основни елементи може да се очекува некоја подетална слика после која може да се планираат следните чекори за креирање и имплементирање на корпоративен блог.
Во секој случај донесувањето на таква одлука нималку не треба да биде стихијна и без анализа на многу повеќе фактори. Низ интернетов постојат голем број на успешни, но и голем број на неуспешни примери 🙂 никој не би сакал да биде дел од оние неуспешните нели 🙂