Денес се одржа уште еден „Ден на идеи“ во организација на Владата:
На отворениот „Ден на идеи“ граѓаните имаа можност да ги презентираат своите идеи до членовите на Владата. Имаше предлози за побрзо завршување на судските процеси, за нови вработувања на младите, за начинот на донесување на закони за нивна поголема усогласеност со уставот (Нетпрес, 9.10.200).
Јас не отидов, но секако имам една идеја за предложување: зошто „Денот на идеи“ не се спои со „Македонија-земја на информатичари“ и се отвори еден веб-сервис/веб-страница, на која ваков проток на идеи може да се одвива постојано, и на кој центрите на одлучување ќе можат да бидат во отворена и здрава комуникација со граѓаните. Еве да не бидам формалист, не мора да биде веб-страница, нека биде која било друга платформа или сервис од новите медиуми. Новинарите добро забележаа, на Денот на идеи отидоа претежно постарите сограѓани, па за да во вистинска и искрена форма се чуе и гласот на помладите добро би било да се размисли за токму ваков хибрид на тековни потфати на Владата.
Pingback: Tweets that mention Македонија земја на информатичари + Ден на идеи = ? | К О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com