Според најавеното, во неколку „продолженија“ ќе се обидам да пренесам некои од поинтересните резултати добиени од моето истражување како дел од магистерскиот труд на тема „Разлики во телевизиските дневници на програмските сервиси во Македонија“.
Истражувањето беше изврешено во текот на септември 2009 и се однесува на оние домашни телевизиски сервиси кои емитуваат програма на национално ниво по терестријален пат, односно во неа не се вклучени ТВ-сервисите кои емитуваат програма преку сателит.
Во овој прв пост го издвоив „ѓевречето“ кое се однесува на застапеноста на различните теми во телевизиските дневници, зададени и групирани во соодветни области:
Од горе прикажаното се гледа дека најзастапени содржини во домашните вести беа (се) прилозите од областите политика (37.06%) и хрониката (црната хроника или крими-хрониката) со 24.99%.
За многумина ова секако не е изненадување, но она што се покажа како дополнителен наод од истражувањето беше тоа што темите во телевизиските вести во голем степен можат да бидат наметнати од т.н. „моќни извори“ на информации (политички субјекти, институции и сл.). Како резултат на заинтересираноста на политичките субјекти да доминираат со информативните програми тие успеваат да им наметнат на домашните медиуми речиси секојдневно серија на т.н. „политички псевдо настани“ и со тоа да им ја диктираат и агендата за која се заинтересирани. Како резултат на тоа кај домашните медиуми се уште преовладува т.н. „регистрирачко новинарство“ при кое медиумите де факто трчаат по политичарите и темите кои тие им ги сервираат.
Втор индикатор кој се покажа како важен од овој дел од истражувањето е т.н. „провинцијализација“ на вестите кај нас, односно минимална застапеност на вестите од светот, што во услови на интензивна поврзаност на земјтие во овој глобализиран свет, е навистина назадна и неразбирлива логика на нашите телевизии.
Pingback: Tweets that mention Најзастапени области во ТВ вестите | К О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com
Фали уште еден податок: бројот на „црвени“ телефони помеѓу политичарите и новинарите, со додатна информација дали се слушаат на „спикерфон“ или налозите ги прима само уредникот, кој потоа ги пренесува. 🙂
И не, не мислам само на едната од нашите национални телевизии — всушност, повеќето имаат хот-лајн со некаков политички или бизнис моќник.
Твоето истражување сосема го потврдува ова.
Од друга страна, не знам што е полошо — да слушаме човечки мегафони и кучиња за лаење, или некои недоквакани новинари да почнат да „анализираат“. Дури тогаш се случува катастрофа. Од силниот напон да изанализираат во полза на своите принципали, испаѓаат само … ахем … токсични гасови.
И што ќе им е ним странство? Тоа „странчугите“ или грешат, или не мразат или се неважни. (освен Хунзите, нели :))
:)))) trebaše da ja izmeram i taa variabila :)))
Pingback: Global Voices in English » Macedonia: Provincialisation of TV News Coverage
Pingback: Global Voices на македонски » Македонија: Провинцијализација на вестите
Pingback: Macedonia: Provincialisation of TV News Coverage
Pingback: Отворање на твитерскиот свет | К О М У Н И К А Ц И И
Pingback: За јавниот сервис | К О М У Н И К А Ц И И
Only the hand that erases can write the true thing. -Meister Eckhart