Во свовите редовни дневни, извештаи eMarketer објави податоци на една интересна тема: во кој модел на рекламирање најмногу веруваат потрошувачите. Може да се каже очекувано убедливо напред е трачот по нашки или word of mouth на англиски или препораки од потрошувачи со маркетинг терминологија :).
Но само од една мала табела може да се направат еден куп согледувања и да се претпостават многу други работи.
Второ место, и прв „класичен” мејнстрим медиум се весниците, што покажува зошто сеуште добар дел од парите за рекламирање оди таму, и покрај константните падови последнава година. Интересно, истражувањево е правено на интернет корисници а освен официјалните сајтови на брендовите, сите други форми на онлајн рекалмирање се далеку подолу, вклучувајќи ги и банерите и рекламите на мобилни кои се тек на почеток на својот развој.
Од друга страна пак, водечкиот „трач маркетинг” најдоборо се манфестира онлајн, и веројатно токму затоа сите продавачи треба добро да се запрашаат дали и како ги следат овие канали и колку вложуваат самите во овозможување на овие комуникациски канали. Не можам со голема сигурност да зборувам ама ми се чини дека кај нас продавачиве слабо го пазат овој сегмент, а не дека ова кај нас не важи. Јас тргам од себе, секогаш барам мислење за некоја услуга или производ, пред да купам.
Како и да е, овие бројки се однесуваат на глобалните потрошувачи, вклучувајќи ја и Европа како поблиска до нашите потрошувачки навики (претпоставувам). Па оттаму, за разлика од многу истражувања кои се спроведени само на американци на ова може да му се дадемалку поголема важност, гледано од локален аспект.