Промена

Денес прочитав една информација што за нас овде во Македонија не толку интерена. Wall Street Journal (Американското издание) ќе го променел форматот на своето печатено издание. Ова го прави со цел да ги намали трошоците и да ја унапреди дистрибуцијата.

И нормално тоа изгледа сосем нормално. Но кога ќе се прочитаат останатите делови од оваа информација се гледа всушност колку еден ваков потег претставува сериозна работа.

Никој не го менува форматот на весникот туку – така преку ноќ но овие момци промената ја испланирале да се спроведе во Јануари 2007 година. И притоа пресметале дека техничката подготовка (промена) ќе ги чини 43 милиони долари. А откако ќе го скратат весникот тој годишно ќе им заштедува по 18 милиони долари.

Е сега замислете си колку активности треба да се преземат за да се случи ова, и запомнете тие со овој потег заштедуваат пари. Се разбира некаде по 3 години доколку се оди како што треба.

Ова е сигурно една од причините (ако не и главна) зошто трендовите во весникарството не се многу динамична работа. Сега засега актуелни се таблоидите и компактните изданија. До кога не се знае.

Извор: Wall Street Journal, Editorsweblog

1 Comment Промена

  1. Baju Bayi 21/11/2012 at 06:02

    Wow, fantastic blog layout! How long have you been blogging for? you make blogging look easy. The overall look of your site is wonderful, let alone the content!. Thanks For Your article about Промена | К О М У Н И К А Ц И И .

Comments are closed.