Уште едно национално претставување. Јас, Филип и Дамјан денес во името на целата блогерска заедница (добро де, не баш целата) денес пред камерите на А1 телевизија кажавме по збор-два на тема блогови. Среќа не одеше живо, па имавме малку послободен распоред.
Е сега детели: Емисијава оди на А1 во 12:50. Конкретно оваа емисија која сеуште не е најавена на сајтот на А1 има работен наслов нешто со зборовите „блогови” и „графити”, ама за точното име ќе ги почекаме А1. Веројатно ќе се емитува во понеделник, евентуално вторник. Ама и за тоа ќе почекаме на официјални информации од А1.
Детали нема да соопштуваме, за да не ја намалиме гледаноста на емисијата, која патен е на завидно ниво. Барем така ни кажа нејзиниот режисер.
A be stanavte blog-gurua, aj cestito, pisi termin da gledame, iako e malku skakliv toj nakaj 1 saat.
не можам да дочекам 🙂
..еј мораше ли кај Сузе бее 🙂 …ај нема везе – и секаков публицитет понекад е добар публицитет! 🙂
..обично кога ќе ја видам Сузе – одма го менувам каналот – сега барем еднаш нема да биде така! 🙂
Давам чесен блогерски дека ќе ве гледам. Само да не пропуштам, пошто стварно речиси ич не гледам ТВ. 🙂