Благодарение на проектот за медиумска писменост координиран од МИМ и IDSCS, минатата недела имав шанса да бидам дел од тимот кој беше на студиска посета во Холандија. Баш фино звучи ова студиска посета, јас во проектов сум вклучен како тренер. 🙂
Ми требаше една недела за да соберам сили да напишам што имав шанса да видам таму. Ако не пишам сега ќе ми помине најверојатно уште една цела недела заради Glocal: Inside Social Media и на крај нема ни да напишам пост. Затоа еве го сега. Секако мора да се има на ум дека ова е мојата листа на работи кои мислам дека се интересни за споделување, секој од останатите членови на екипажот има свои :).
Импресиите ќе одат повеќе преку слики и кратки можеби и на моменти неврзани коментари. Без редослед се.
1. Waag Society
Waag се случија при крај на посетава, ама ме воодушевија. Влетаа во програмата во последен миг и ме направија пресреќен. Ова горе на сликата е местото каде оригинално е сместена оваа организација. Спонзорирани се од државата, а работат во една друга нова зграда малку десно од железничката :). Еве слики за да не мора да раскажувам многу што тоа прават.
Со еден збор оваа организација: истражува. И толку. Со повеќе зборви нивниот слоган вели: Creative Technology for Innovation. Ова на сликате е мал детал од просторот каде тие имаат формирано еден мал инкубатор за web 2.0 стартап компании. Програмата се вика Mediaguild. Столчево на сликава му припаѓа на еден од членовите на тимот кој ја прaви оваа едукативна игра за деца: Mijn Naam is Haas. Видовме и една апикација за визуелизација на податоци, ама немам фотка од неа, а и заборавив како се викаше :). Убава беше, искрено.
Еден спрат подолу. Оп, тап Fablab
Ние бевме во Петок, домаќинот континуирано повторуваше дека е празно заради тоа што е петок, и кога разгледав малку на нивниот сајт сфатив како изгледа кога не е петок. Ова нам ни изгледаше како игротека за возрасни, ама всушност беше ептен сериозно. Разгледај ги детално проектите на кои работат или работеле, за некоја година може ќе ги купуваме во дуќан 🙂 – http://amsterdam.fablab.nl/
Само една фотка од влезот на оваа образовна установа. Бевме во посета на студиите по комуникаци и медуми. Навистина добро опремено школо и пред се многу отворени и топли луѓе. Се запознав со некои многу интересни ликови и си добив две книги на поклон. Последното издание од конференцијата Video Vortex: Responses to Youtube и The Internet of Things – A critique of ambient technology and the all-seeing network of RFID.
Ова е организацијата која е задолжена за имплементирање на компјутери и Интернет во образовниот систем. Навистина голема организација одговорна за голем број проекти, но и со голем број успеси. Имавме 3 кратки презентации, која од која подобра. Но сепак чичкото со најкратко звање CTO беше најдобар. Сепак, 17 години работи на темава, не е тоа шала. Зборуваше за Social Media во школо и се повикуваше на истражување чии прелиминарни резултати скоро ги добиле. Од тоа пилот истражување сподели некои заклучоци кои беа навистина корисни. Фатив само еден инфографик, а ни ветија дека ќе ни ги пратат презентациите. Не се сомневам во тоа.
Не се гледа могу добро на сликава, ама вака изгледа светот на едно дете и неговата интереакција со медиуми. Има некои интересни заклучоци тука, како на пример дека образовниот систем (професори и сл.) ги нема во доменот на социјалните медиуми. Истражувањево е правено во две училишта за да можат после врз основа на првичните заклучоци да направат едно поголемо. Ех, еден ден и кај нас ќе се прават вакви работи, ах…
И доста е. Морам да одам да си ги земам новите визит картички (0:53 е часот, патем) и да спијам зошто утре имаме бриф за новинари по повод Glocal: Inside Social Media.
Ако не ви здосади да повторувам за оваа конференцја, тогаш нема да ви биде проблем да ви повторам дека изминатиов период сум преокупиран со неа и многу ќе ми значи ако дојдеш во четврток, петок и сабота (15-17) во Сарај на Њујорк Универзитет. А за другите детали од Амстердам и Холандија, на друго место 🙂 Овде толку.
Pingback: Tweets that mention Студиска посета на Холандија | К О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com
Напомена: сите слики се сликани со Nokia E51i за квалитетот не одговарам 🙂
Pingback: Конференција: Медиумска писменост - поттикнување на учеството на младите во демократските процеси | К О М У Н И К А Ц И И
Welcome Articles just like it directly to your electronic mail box seat!Take gratis now!