Интернет гигантите си го прават своето и не оставаат многу простор да се зборува за други работи. Кога тие пласираат иформации тоа го прават доста добро и доста обемно.

Оваа епизода со Мите и во еден мал дел и со Марјан зборувавме за новиот iPhone 4S и за iOS 5. Секако неизбежна тема беше таа иакок за многумина ова претставување претставување ептен мал, дури и незначаен чекор за Apple.
Ние коментриваме за некои од новите опции кои беа најавени. Новиот оперативен систем веќе е достапен па сега сите кои имаат соодветен уред ќе може да го испробаат. Нам ни останува да му искажеме благодарснот на мајсторот Steve Jobs кој сега веќе почива во мир.
Покрај оваа тема во оваа епизода зборувавме малку и за подзаборавениот Google+ но и за новитетите кои ги претстави машинеријата наречена Facebook.
Околу ајфон во МК – прво е очигледно дека Т-Мобил е присилен да го издвои како посебна понуда. И тоа не е лошо – scarcity е добра работа. Што се однесува до разноразни тандеми и сл., Т-Мобил дава попусти за вториот и третиот ајфон, прашајте си кај продавачот. И најважно – што ќе ти Тандем кога имаш Viber и Skype 🙂
Туку, за вас што шетате по странство, чепнете *140# за да видите што нуди Т-Мобил за роаминг дејта 🙂 Ова важи за сите телефони.
(Туку сум успеал да се отпишам од покастов од ајтјунес па сега надокнадувам со слушањето)
Си викаш јас бев на подкстов нема потреба да го слушам веќе а? 😀
Јасно е дека се присилени, нема тука дискусија, ова со втор/трет не го знаев, добар совет е, ќе го имаме на ум а ова со дата пакетите за роаминг веќе е добро испробано и употребно 🙂 Одлична понуда е и ми се допаѓа што иа неколку нивоа со кои се трудат да те заштитат да не потрошиш повеќе пари неконтролирано.
Случајно беше. Кога бришев некои подкасти сум избришал повеќе од што треба… Ама ете ме пак.