Отворање на твитерскиот свет

Постов ќе испадне најава на неколку фини работи :).

Сеад објави пост со податоци од неговото истражување за „Разлики во телевизиските дневници на програмските сервиси во Македонија”. Тие наидоа на позитивни рекции и го мотивираа Филип на кратко да ја реобајви информацијата за тој пост на Global Voices (GV) иницијално инспириран да ги доведе во корелација резултатите на Сеад со резултате за кои зборува Итан Зукерман (еден од основачите на GV) во своето одлично видео на TED.

Не знам како, ама ова видео не го имав гледано. Со задоволство го изгледав вечерва и сфатив дека во голема мерка она за што зборува Итан е темата која јас ја обработувам во моето актуелно академско истражување. Додека го сфаќав тоа и додека се радував дека имам ушт еизвори и уште материјали за читање, истражување и споредување се чудев како до сега навситина не сум го гледал ова видео :).

Еве го видеото за сите оние кои не го гледале, а и за оние кои го гледале, пак да го гледаат.


Видеото има превод на македонски, кликни на view subtitles за активирање

А што најавува овој пост. Најмалку три работи:

1. Сеад ќе објавуав уште податоци од неговото истражување. Секси се.. верувајте 😉

2. TED настан и вакви убави говори ќе има за прв пат и во Македонија кон крајот на овој месец и

3. Јас истражувам локалната twitter заедница во потрага по потврда за еден начин на комуникација кој токму говорт на Итан го зачнува – затвореност во својот свет…  Резултати и заклучоци ќе има некаде кон крајот на оваа година.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

1 Comment Отворање на твитерскиот свет

  1. Pingback: Tweets that mention Отворање на твитерскиот свет | К О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com

Comments are closed.