За јавниот сервис

Во рамки на серијата постови од мојот магистерски труд, за второто продолжение се обидов да издвојам неколку сегменти кои се осврнуваат на работата на јавниот телевизиски сервис, МТВ.

По еднонеделен мониторинг Советот за радиодифузија (СРД) на програмата на МТВ, денес, 14.10.2010, во македонското собрание, претседателот на СРД оцени дека јавниот сервис „Ниту забавува, ниту образува, а уште помалку информира“. Наспроти него, Аљоша Симјановски, главен и одговорен уредник на првиот програмски сервис на МТВ тврди дека: „(МТВ) има најобјективен дневник“.

Каде е вистината помеѓу овие две спротивни оценки?

Јас ја имав погодноста да поседувам одреден истражувачки материјал на оваа тема, па да видиме што ми вели тој:

  • МТВ ја има најкусата најава за вести, 12.83 сек., во однос на другите дневници,  и просечно времетраење на прилозите, 01 м. 37 сек. што  е добар индикатор (остава помал простор за инпут на коментари наместо вистински информации, и се доближува до некои вообичаени и препорачани ала-BBC бројки), но може да биде индикатор за стеснет обем на покривање. За споредба, најдолги најави во вестите емитувани во септември 2009 имала ТВ Сител (28.5 сек), а најдолги прилози ТВ Алфа, 01:57  а потоа А1 и Телма со 01:54.
  • Од друга страна дури 76.3% од прилозите на вестите на МТВ отпаѓаат на (1) политика и (2) црна хроника, што е над националниот просек (62.05%), што е далеку од добро и индицира слаба опфатност на теми за различни општествени групи и јавни потреби, голем минус за јавен сервис (да не навлегувам во 0.00% за образование и култура, односно 0 прилози во истражуваниот период).

  • За следниот индикатор графиконите кажуваат се: МТВ е „лидер“ во пренесување на сервираните информации (а) исценирани настани, ала седници, конференции, соопштенија, свечености и сл. и (б) псевдо настани ала пресови, сечење ленти и сл. Фрапантна е бројката од 7.7% од прилозите во кои МТВ информирала за нешто што, условно, не и било сервирано. Оваа бројка индицира ограничена слобода за барање на важни настани и истражувања. Од јавен сервис се очекува покривање на активностите на јавните функции, но не и да ги сведе на смешен минимум останатите свои функции и теми.

Од другите индикатори би издвоил: немање наслови на прилози и слаба техничко-дизајнерска покриеност на прилозите, што укажува на технолошка заостанатост зад приватните ТВ сервиси, често изоставање на навод на изворите на информации и други аномалии. Позитивна страна е што во содржините отсуствува сензационализмот специфичен за комерцијалните ТВ сервиси.

И на крај можеби се кажува фројдовската „омашка“ на Аљоша Симјановски, главен и одговорен уредник на првиот програмски сервис на МТВ, на денешниот собир во Собранието на Р.М.: „Ние се обидуваме да одржиме некаква илузија на објективност за јавниот сервис“.

Туше.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

11 Comments За јавниот сервис

  1. Pingback: Tweets that mention За јавниот сервис | К О М У Н И К А Ц И И -- Topsy.com

  2. ribaro.mk 14/10/2010 at 23:41

    како успеа да ја одминиш Маја Даниелс во анализава, како?! 🙂

  3. sead93 14/10/2010 at 23:55

    Hahahaha…ke izvadam poseben post za nea :)))))

  4. Anonymous 15/10/2010 at 21:09

    Who the fuck is Маја Даниелс? (мислам, стварно не знам)

  5. darko buldioski 17/10/2010 at 01:45

    Не гледаш фудбал Вачно, не се секирај…. затоа не знаеш :))))

    *признај дека сега си уште позбунет :))

  6. Anonymous 17/10/2010 at 10:10

    Ок, се распрашав — некаква водителка …

    Инаку — точно: јас сум ти од оние кои во истражувањата, како ова на Сеад, спаѓаат во категоријата „друго“. Не гледам фудбал или некаков друг спорт, всушност, многу малку гледам телевизија.

    Тоа ме прави малку осамен кога ќе седнам некаде со пријателите на „ивце и пивце“, ама ме научија веќе, па ме поднесуваат … 🙂

  7. Anonymous 17/10/2010 at 10:46

    Кока-лумнистка! Потполно неписмена.

    Мајко мила! Што ти требаше, Сеад, да ме упатиш на такво грозно место какво што е mn.mk? Полно со патетика, шовинизам и омраза, обвиткано во обланда на квази „коментатори“.

    Има ли некаков закон против ова?

  8. sead93 17/10/2010 at 11:25

    Hahahaha, se izvinuvam ponizno, priznavam podlegnav na iskusenieto po onaa "koga jas stradav citajki go ova, zosto i drugi da ne stradaat" :))))

  9. Solza 23/10/2010 at 21:31

    Кога ќе се измери колкав е процентот на застапеност на владата наспроти парламентот, претседателот, судовите и локалната самоуправа ќе се види дека дури и тука постои голема разлика во полза на владата. Да не говориме за соодносот на позитивни и негативни вести, власт и опозиција, необјавувањето на прилози за важни настани и врамувањето на вестите во дневникот во само ним познат стил.

    Е сега кога ќе видиме дека уредник на вестите е најмладата новинарка што добила награда за истражувачко новинарство и новинар којшто известувал за падот на Чаушеску на времето, ќе разбереме дека не се работи за незнаење!

  10. louis vuitton outlet 21/11/2012 at 07:22

    I have been checking out many of your posts and it's pretty clever stuff. I will definitely bookmark your blog.

Comments are closed.