Интервју со Matt Gierhart од Ogilvy Action

Нашите искуства за BlogOpen ги споделивме во последната епизода од комуникации.нет подкастот заедно со Дарјан. Но како и во минатото и на овој настан се обидовме да најдеме интересни соговорници и да снимиме кратки видео интервјуа.

Минатиот викенд во Нови Сад снимивме само едно интервју и тоа со Matt Gierhart човекот кој е задолжен за „social” во Ogilvy Action една од гранките на глобалната Ogilvy.

Со Matt зборувавме малку за технолошкиот детерминизам за различните прифаќања на технологијата и малку за тоа како денес се однесуваат големите брендови во поглед на фамата наречена социјални медиуми. За мене клучната реченица е: Most important thing about Social Media is input not output.

Намерно ги извадив прашањата, мислам дека се разбира се од муабетот, сепак ако нешто треба да се појасни, тука сум. Погледнете го видеото (го има и во HD) и прочитајте нешто повеќе за Matt Gierhart

1 Comment Интервју со Matt Gierhart од Ogilvy Action

  1. Pingback: BlogOpen 2011 – završni utisci i tekstovi koji su napisani o njemu | Cyber Bosanka | Cyber Bosanka

Comments are closed.