Во Македонија не остана простор за непристрасен медиум

На македонската јавност познат ѝ е фактот дека сосем мал дел од популацијата се информира од печатените медиуми, како што впрочем и покажа скорешното истражување на СРД. Според овој извор, таа бројка е помала од 20%.

Токму во такви околности политичката опозиција во земјава, според медиумските написи, носи одлука „да подржи дневен весник кој ќе треба да го поврати плурализмот во нашиот уништен медиумски систем“. Ни помалку ни повеќе новиот дневен весник „Слободен печат“, како што се вели во најавата на ПлусИнфо, ќе соработува (читај, обедини) неколку информативни сајтови и како ресурсен центар ќе го користи порталот ПлусИнфо. Весникот ќе бил скромен, а ќе има сè, ќе понудел скромна цена која соодветствува на понудата, 5 денари.

sloboden-pecat

Сите наопаку, ние терсене…Искрено кажано, па ич не сакам да го читам. Смешно е како во време кога печатените дневни весници во Македонија фактички се сè помалку важен извор на информации (иако искрено не би сакал тоа да е така, ама тоа е башка муабет), каков било општествен фактор, а најмалку политички, да развива стратегија со која плурализмот ќе го возобновува со печатен медиум, и ќе ја јакне својата позиција во земјата. Со главен таргет пензионери и таксисти, како најверни купувачи на печатени весници, враќањето на медиумскиот плурализам е завршена работа (sic!). 

Кога целиот свет се движи кон забрзан развој на дигиталните платформи и оптимизација за нив, прилагодување за мобилни уреди, правење 24/7 редакции, и така натаму, македонските медиуми кои претендираат да бидат алтернатива на доминантниот медиумски мејнстрим на власта се враќаат по стари формули кои нигде повеќе не ни функционираат, а веројатно тоа нема да биде случај ни со Македонија која доста доцни.

За тие пари можам да добијам само проплакнати идеологии кои под себе ги имаат „тешките” истражувања и анализи кои веќе секојдневно се објавуваат на ПлусИнфо и Либертас, која од која „поиздржани“.

Неодамна разговарав со искусен локален новинар за домашната медиумска сцена кој убаво срочи (парафразирам): ‘Денес во Македонија медиум мора да е комплетно во служба на едната или другата политичка страна, што не остава простор за оние кои сакаат да бидат објективни’.

Би додал уште една едноставна, а по мене мудра, мисла на Мите која го дополнува муабетот: „Вистината за еден настан е оној дел од сториите кој се поклопува кога ќе земете две стории од Курир.мк и ПлусИнфо. Ако нема преклопување значи дека и немало (валиден/вреден) настан“.

Благодарам specat.mk на понудата, но не верувам дека ќе бидам ваш лојален читател, си знам уште пред да излезете од печат.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

5 Comments Во Македонија не остана простор за непристрасен медиум

  1. Ratko 15/10/2013 at 11:30

    Abe te tera li nekoj da go chitash, ili odrabotuvash nechija agenda, da se sotre neshto ushte pred da postane realnost, SRAMOTA! SMRT NA FASHIZMOT, SLOBODA NA NARODOT!!!

  2. Никола 15/10/2013 at 12:41

    Во најголем дел од текстот се согласувам со она што го кажуваш, но мислам дека ти фали малку политичка анализа. Отварањето на нов весник според овие најави од политички (не медиумски) аспект не е најлош потег. Еве зошто:

    Состојбата со онлајн порталите во моментов е прилично политички избалансирана. Во моментот има повеќе портали кои се објективни (без дискусија за квалитетот на содржината), и пред се критични кон власта како Нова, Плус инфо, Радио Слободна Европа, Дојче веле, Телграф и други. Секако, постојат и партиските онлајн билтени Курир, Скај, и поратлите на провладините телевизии, но сума сумарум интернетот е единствено место каде можеш да избегаш од перењето на мозок по телевизиите.

    Од друга страна, иако печатените медиуми не се иднината, тие остануваат како што кажа и самиот, основен извор за информирање на една многу специфична и важна целна група што ја спомна погоре.

    Ако во моментов нема опозиционен весник кој таргетира пензионери може и не е така лоша идеја да се направи. Секако, Утрински е тука, но тој има малку поспецифична публика. Весник од пет денари ќе го купуваат луѓе кои немаат преголем интерес за политиката, политички пасивни, пензионери, ќе се чита во секоја фризерница, ќе се зема место кусур. Сакам да кажам дека се отвара простор да се таргетира една цела нова група која досега може немала пристап до опозициони информации и тој аспект мислам дека потегот не е лош.

    Второ, во услови кога куповната моќ е падната, навраќањето кон застарени стратегии можеби не е толку лош избор. За ова не сум 100% сигурен но ќе го напраиме муабетов пак кога ќе почне весникот да излегува.

  3. Игор 15/10/2013 at 13:46

    Се сложувам со тебе Дарко, но мене причината ми е сосема јасна.

    1. Најверојатно и после толку време некои новинарски величини сеуште не се пронајдоа на интернет и не знаат да менаџираат интернет медиум.
    2. Со печатен медиум повеќе може да се калира отколку со дигитален, нарочито ако парите не се од приватен џеб дадени.

  4. Дарко Булдиоски 15/10/2013 at 15:12

    Никола, не можам да кажам дека политичките причини за вадење на опзициски весник не се оправдани, ако ги прашаш основачите гарант денес во кафана токму тој муабет го вртат дека јас сум дете и дека ништо не разбирам :))

    Она што покрај изборот на платформата (за која повторно ќе кажам не сум сигурен дека во центар треба да биде принт) коментирам и за целта.. а тоа е да го информира партиското членство… за да не остане дезинформирано од другите…

  5. Никола 15/10/2013 at 15:27

    Дарко,

    Не верувам дека некој коментира дека не разбираш и си дете, бидејќи текстот е сосема на место и се што пишува е точно. Мојот коментар беше само во насока на тоа дека се проширува досегот на критични вести до поголеми целни групи. Дали вестите тие ќе бидат партиски, неквалитетни, копи пејст, хејтерски тоа ќе зависи од уредничката политика за која искрено ни јас немам премногу надежи.

    Поздрав

Comments are closed.