152 #ПрегледВоПеток – Squid Game, SoMo Borac, НЛБ е-идентитет, Twitter Spark

Минатава недела си рокаше со супер новости. И ич не ѝ беше гајле што врне истура и сите паднавме у депресија. И ич нема врска што утрово 3 пати го згрешив пасвордот да се логирам.

Squid Game држи добри лекции за маркетинг

Нема шанси да сте ја избегнале еуфоријата наречена Squid Game. За некои продуцентско чудо, за други преценета. Како и да е, цел свет зборува за неа и не можеме никако да и ја потцениме популарноста и влијанието што го создаде. Има куп озборувања како ја постигнале популарноста, но кој колку сака нека кова теории на заговор, серијата си стана топ вирален наслов за 2021 година.

Enterpreneur ја анализирале детално и извлекле 3 лекции кои бизнисите можат да ги искористат за да си ја подобрат продажбата и органската популарност.

  1. WOM секогаш ќе биде поуспешна маркетинг алатка од било која платена кампања
  2. Кога на TikTok ќе има вирален тренд поврзан со твојот бренд, тогаш успехот ти е загарантиран
  3. Никогаш не знаеш со сигурност што сакаат твоите клиенти додека тие не ти го покажат тоа.

Ако сакате и вие да си ги научите детално трите маркетинг лекции од Squid Game прочитајте го целиот пост на Еnterpreneur.

Кои се добитници на 9тиот SoMo Borac

Ако нѐ следите редовно знаете дека ова е еден од нашите омилени настани, а воедно можеби и најважен настан за маркетинг агенциите, и знаете дека наш Дарко е веќе домаќин во жирито за прогласување на надобрите кампањи од регионот за секоја година.

Иако и годинава се одржа само онлајн (јер корона), SoMo Borac имаше рекорден број на пријавени кампањи. Како и секогаш добрите кампањи не изостанаа и може да се добие куп инспирација за некоја следна кампања. Нашата драга Ружица Врдољак Личина од организацијата за награда „СоМо Борац вели:

Ова беше одлична година во однос на бројот на апликации и нивниот квалитет. Според резултатите, видовме дека многумина беа навистина блиску до финалето, така што беше навистина неизвесно до самиот крај на судењето. Она што секогаш нè радува е што и помалите и поголемите агенции се речиси подеднакво застапени.

Прегледајте ги сите финалисти и победници на SoMo Borac и споделете го вашиот фаворит.

НЛБ Банка прва на пазарот со користење на електронски идентитет

Велам драгичка и редно беше. НЛБ Банка, во соработка со Mastercard, е првата институција воопшто на македонскиот пазар која им овозможува на своите клиенти да вршат банкарски услуги на далечина со електронски идентитет. Ова во пракса значи дека НЛБ може да идентификува лице без физичко присуство во Банката, како и да проследи електронска документација на корисник идентификуван на ваков начин, и повратно да добие електронски потпишан документ. Ова е едно целосно ново, дигитално искуство при вршење на банкарски услуги за клиентите што ќе им овозможи целосна флексибилност во обавување на банкарските услуги.

Еве уште една лекција што треба да ја научат и применат другите македонски банки, како и сите институции на пазаров.

Twitter со Spaces ‘Spark’ програма

Се чини дека Twitter е прилично сериозен за своите Spaces аудио поткасти, па реши повторно да го следи Clubhouse, (и TikToк и Snapchat, и Pinterest) со своја Spark програма за финансиска, техничка и маркетинг поддршка на најактивните и најдобрите креатори на поткасти на Spaces.

Бараме нови креатори на содржина кои се страсни за форматот на аудио поткасти во живо и се заинтересирани редовно да снимаат поткасти преку Twitter Spaces.

Twitter

Twitter Spark програмата ќе им обезбеди на избраните поединци по 2500 долари месечно, заедно со кредити за реклами и посебно прилагоден Space за нив. Тие, исто така, ќе можат да се поврзат со тимот на Spaces dev и да добијат ран пристап до нови функции, додека Twitter исто така ќе ги промовира нивните поткасти преку своите брендови.

На нашиов Twitter забележувам некои пасионирани спејсџии, па може и ќе видиме некој од нив влезен во Spark програмата. :).

Бонус линкови

Да се надеваме дека следниот #ПрегледВоПеток ќе биде со сонце (макар и со заби) наместо потоп.

close

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.