Заработете блогирајќи

Веднаш ви текнува на Google AdSense и си велите, нема тука ништо, сум пробал, нема пазар, нема реклами за нас (иако ова оди во нагорна линија) нема фајде. Можеби за AdSense и за останатите слични на нив имате право, но сега постои и друг начин да заработите преку својот блог. Заработете постирајќи на одредена тема или со одредени клучни зборови.

CreamAidPayPerPost

CreamAid и PayPerPost се само два од некокуте нови рекламни сервиси кои им нудат заработка на блогерите ширум светот.

Вака на прв поглед (без да испробам) повеќе ми се допаѓа CreamAid па затоа во прилог збор два за него.

За што станува збор? Одите на нивниот сајт гледате какви кампањи имаат во тек и кој би биле вашите обврски за секоја поединечно. Пример: Треба да одите до McDonald`s и да го опишете тамошното искуство, или треба да се сликате со Heineken и да го пренесете вашето искуство од таа вечер.

Следно, треба да го постирате тоа на вашиот блог и да го пријавите постот на CreamAid, и се разбира потоа да додадете еден мал беџ кој ја промовира целава кампања. Скоро готово, сте заработиле 3-10$, само треба да го верификуваат постот надлежните и парите ви стигнуваат на вашата PayPal сметка (која за жал не е возможна во МК).

Еве како ова објаснување го промовира саимот сервис:

How does CREAMaid work?
1. A company starts a Conversation by creating a widget.
2. A Blogger discovers a Conversation widget.
3. A Blogger writes a post about the topic suggested in the widget.
4. A Blogger submits her post by including the widget inside the post.
5. The Conversation starter selects the post.
6. The selected post is syndicated to widgets inside every participating post.
7. The blogger collectsa royalty for her post’s contribution.

Во прлог и едно лично искуство со солидна мини-анализа на една од моите омилени блогерки (Jill од Норвешка): [PayPerPay: a sneakier kind of blog advertising]

За PayPerPost може ќе напишам збор два повеќе во некоја следна прилика, се разбира доколку почувствувам потреба.

Најискрено се надевам дека локално, некому ќе му текне начин како да ги исползува овие сервиси бидејќи ако овие сервиси се развијат, во иднина ми се чини дека ќе може да се заработува пристојна (мала сума од вакви наменски постови, кој во рамките на огромен број блогови и нема да наштетат на угледот или имиџот на блогерот.

5 Comments Заработете блогирајќи

  1. DeeJay 19/10/2006 at 18:48

    Thanx што ги делиш линковиве.

    За PayPerPost имам слушнато, а CreamAid ми е нешто ново.

    Како и да е, може да излезе некој денар од ова. 😉

    Поздрав!

  2. GoodBytes 20/10/2006 at 01:32

    Интересен концепт. На прв поглед изгледа дека се заработува повеќе од пост, споредено со Адсенс. Важната разлика е дека ова е еднократна заработка, додека со Адсенс твојот пост ќе стои на Интернет со години, и кумулативно ќе ти донесе повеќе од 10 долари. 🙂

    Во врска со можностите да се заработи со Адсенс или сличен сервис, многу зависи за колкава сума се зборува.

    На пример, јас минатата година покажав дека со толку ниско посетен сајт (во споредба со „светските“ про сајтови) и со доминантна кирилична содржина, може да се извади околу 100 долари за една година. Сето тоа со блогирање од задоволство и без да се употребат сите адути, знаење, слободно време и труд.

    Во моментов пак имам околу 40 долари за половина година, значи пак сум во тие рамки – соодветно на просечниот број читатели од 100 до 200 дневно, кој е ист со ланскиот. Сто посетители дневно е приближно сто долари годишно.

    Значи, ако со блогирање од забава и претежно на кирилица може да се извади 500 денари месечно, тогаш…

  3. darko156 20/10/2006 at 10:41

    @Goodbytes

    Ти фалат информации, на колку блогови ги имас ти поставено рекламите? Или оваа статистика се однесува само за главниот твој блог?

    Во секој случај овој начин е еден вид инстант заработка во споредба со adsense. Се пронаоѓаш себе во рекламната кампања, стануваш дел од неа и одма заработуваш 🙂

  4. Pingback: Komunikacii » Чаршиски муабети

  5. Pingback: Блогот не е мртов | К О М У Н И К А Ц И И

Comments are closed.