Зошто е потребно да има CitJ

CitJ = Citizen Journalism

Ова би требало да биде трет пост во серијата поврзана со е-Општество.мк.
Овде конференцијата која се случи вчера има пасивна улога. Имено станува збор за начинот на известување за настани кои се случуваат секојдневно.

Да не беа известувањата и ставовите на овој блог (линк1, линк2) и известувањата или импресиите на Новица, Арангел и Goodbytes оваа вест ќе останеше забележана низ масовните медиуми само со еден наслов кој веќе и птиците на гранка знаат да го кажат 10% интернет пенетрација
(А1, Утрински весник, Дневник, Време, Канал 77, Нова Македонија)

Навистина силата на блоговите кај нас е мала, но важна е суштината. Споредете ги информациите поврзани за еден ист настан од различните мејнстрим медиуми и потоа погледнете ги овие од блоговиве. И замислете си дека за 90% од вестите има такви приказни кои всушност исто така се одраз на настаните кои се случуваат.


Не алудирам дека сега еве нашиве блогови се многу добри, туку само ова ми послужи како еден солиден пример кој секојдневно го воочувам. Значи niche вести мора да има и треба да има. Кој ќе ги обезбедува, не е секогаш важно, но што повеќе тоа подобро.

Па затоа ќе ги молам новинарите да престанат да го препишуваат зборот блог и блогосфера од странските извештаи и анализи, и да почнат да ја согледуваат реалната ситуација во која се наоѓаме овде. Блогови има, но ниту еден од нив не е класичен новинарски. Време е да се активираат и оние кои мислам дека се треба да се случи без нив.

И за да не пишувам друг пост, уште една мала приказна надвор од тема, ама а поврзана со конференцијата вчера. Отворено прашање до сите кои се активирани околу македонското е-општество: Дали тие кога одат на зелен пазар, таму наоѓаат празни тезги па чекаат да се соберат десетина купувачи за да дојде продавачот што треба да им продаде компири, или кога ќе влезат во пазарот компирите веќе се таму?

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

1 Comment Зошто е потребно да има CitJ

  1. mijalce 21/10/2005 at 19:22

    Мислам дека си во право за ова со неизвестувањето на медиумите. Јас пред некое време за еден другар зедов хостинг и домејн нејм http://www.infomk.com за да тој ги сумира резултатите од сите вести од Македонија и да ги постира на таа страна. Другарот замина за странство и сега нема време. Пред некој ден му инсталирав wikinews и сега секој што сака може да го користи за да става вести за се што што се случува кај него во мало, во зграда, град и т.н.
    Предниот дел не е преведен и е на англиски но секако дека можете да пишувате. За жал јас немам многу време али ако има некој кој е заинтересиран да го развива и да носи луѓе да пишуваат вести на него, немам ништо против.
    Епа Дарко ти што мислеш ќе можеш ли ти да го организираш тоа, а ако тргне работата од мене ќе го добиеш домејнот и уште една година гратис хостирање.

Comments are closed.