58 #ПрегледВоПеток

Задоцнивме малку, ама оправдано. Минатата недела бевме на AllWeb Albania и си поминавме супер! Сакавме да стасаме на време со прегледот…

Но имавме неуспешен обид за влог верзија од #ПрегледВоПеток 😬

Преглед во петок ВЛОГ

И така после дојде викендот, време да се прибереме по домите. Па дојде понеделникот, доста работен. И еве сме. Вторнички преглед во петок.

Facebook тестира dark mode и нов интерфејс за десктоп

Уште во мај Facebook најави дека ќе го редизајнира вебсајтот и ќе овозможи dark mode на десктоп и на мобилен. Во август почнаа да тестираат dark mode за Android мобилната апликација, а сега пуштија и бета верзија на новиот интерфејс за десктоп.

Интерфејсот во бета верзија изгледа многу како оној на Twitter. Конечната верзија може ќе се смени, но сепак останува “прекидачот” што ти овозможува да си ја вратиш старата класична верзија на вебсајтот.

Instagram објави низа совети за маркетерите

Оваа недела Instagram објави совети кои ќе им помогнат на маркетерите во креирање подобра содржина и градење заедница на платформата. Еве дел од нив.

Најпрво, Instagram пушти совети за креирање слики и видеа во кои има едноставни, но вредни, забелешки за тоа како да го максимизираш твоето визуелно присуство на платформата. Ќе ти помогнат во креирање содржина што ќе биде различна, уникатна, и влијателна.

Во меѓувреме, Instagram пушти и совети за планирање празнични кампањи, вклучувајќи и content calendar template кој ќе ти помогне да го означиш пристапот кон кампањата (можеш да го симнеш тука).

И како за крај, Instagram објави и совети за продавање производи на платформата, повеќе со фокус на лансирање нови производи. Има доста добри точки кои ќе ти помогнат да испланираш подобар пристап со цел да го максимизираш твоето присуство на платформата.

Snapchat пушти нова “Dynamic Ads” опција

Супер вести за маркетерите кои користат Snapchat. Новата “Dynamic Ads” опција ќе ги креира твоите Snap ads наместо тебе, а врз база на твојот производен каталог. Системот ќе ги прикажува производите на таргет публиката според тоа што нив ги интересира.

Динамичните реклами ќе користат вградени темплејти за креирање различни реклами во вертикален формат. Маркетерите ќе можат да изберат од многубројни темплејти, што всушност ќе служат како водич за Snap кога ќе ги креира релевантните реклами. Од таму селектираш нова публика или веќе постоечка и му даваш дозвола на системот да ги прикажува твоите реклами real-time.

Со ова ќе се поедностави процесот на пуштање реклами на Snap. Нема да има потреба да “губиш време” на креативниот процес, но и на ажурирање на податоците. Ако сакаш кампањите да тераат цело време затоа што носат добри резултати, само ќе го “оддржуваш” протокот на податоци на Snap а системот сам ќе си ги пушта рекламите со најновите и најрелевантните информации.

Родителската контрола на Apple е гола вода за децата

Apple’s Screen Timе има за цел да им овозможи на потрошувачите начин да ги контролираат уредите на нивните деца. Сепак, дел од младите тинејери откриле доста багови и начини како тоа да го заобиколат.

На Reddit и на YouTube децата споделуваат совети и трикови како да се ослободат од Screen Time. Симнуваат специјален софтвер што им овозможува да го исклучат Screen Time или да ги дознаат лозинките на нивните родители. Тие бараат багови кои го прават користењето на мобилниот телефон полесно, без нивните родители да знаат за тоа, како менување на времето или користење iMessage за гледање видеа на YouTube.

Бонус линкови

Толку за денешниот (задоцнет) преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Marketoonist on Instagram

Се читаме во следниот преглед, во петок! 🙂

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.