Граѓанската партиципација на тест: ePolicy.mk

Пред две недели по препорака на Јован, фала Јован, бев на еден информативен разговоро со човек кој всушност го знаев од претходно (од првиот F2F настан), ама не бев сосем свесен. Димитар Буковалов е раководител на секторот за комуникации во рамките на Минстерството за транспорт и врски.

Ме покани дa учествувам на јавна расправа следниот петок (31.10) на тема Броудбенд нација – развој на технолошки платформи за обебедување нови медиуми, услуги и е-демократија. Настанот е отворен, ќе се одржи во клубот на пратеници, а колку што сфатив следната недела ќе има и реклами во неколку весници.

Ќе има две сесии, една за техничките работи (развој на мрежи и сл.) и втора за развој на содржини и услуги. Ќе имам околу 5 минути да кажам нешто паметно, се надевам дека ќе смислам нешто, но ќе ми значи многу ако некој има идеја за споделување. Од понудената агенда се фокусирав на точките: Содржина – Квантитет наспроти квалитет на содржините и Медиуми – Граѓанско новинарство.

Сепак најголемата новост за настанов следува: за прв пат во Македонија, на државно ниво, (мислам по иницијатива на некој државен орган) планирана е јавна расправа која треба само да отвори една навистина поширока дебата која е замислена поконцентрирано да се одвива на интернет.

epolicy.mk е платформа за вклучување на сите граѓани и општествени чинители во процесот на донесување одлуки. Модерен пристап кој овозможува како консултации така и директно учество во процесот на создавање на политики, стратешки документи и закони.

epolicy.mk за таа цел е во функција од денес (сепак не комплетно наполента), но вистински својата улога ќе треба да си ја заживее по јавната расправа кога првичните предлози ќе бидат поместени таму и ќе овозможат почеток на дискусија, нови предлози, коментари согласувања и несогласувања. Замислата е одлична, и навистина со нетрпение очекувам како ќе се изведе. Денес слушнав за идеите и замислените планови во поглед на оваа платформа, за среќа слушав и доста реалнен пристап дека не се очекува ова да биде експлозија но не слушнав како ќе се врши промоцијата на срвисот внатре во интернетот, не слушнав како ќе се менаџира заедницата и како ќе се централизира дискусијата која по правило во денешниот web 2.0  свет е децентрализирана.

Потегот е за поздравување, двонасочна комуниакција на релација влада <–> граѓани 🙂 е сега останува да заивее идеата и за некоја година да може да се каже дека овоаа платформа навистина ќе има реален придонес во………. пополни тука по желба за да не звучам излитено 🙂

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.