Интернетизам

Во скорешната студија на „Стенфорд“ универзитетот се наведува дека и покрај поодминатото време и искуство во однос на користењето на интернетот, сепак се уште се повторуваат почетните грешки и премногу внимание се посветува на добрите страни на „сурфањето“ за сметка на вистинското третирање на лошите страни на интернетот. Според истиот извор нешто повеќе од 1 од 8 Американци покажува знаци на зависност или негативна употреба на интернетот. Сосема случајно овие знаци во изненадувачки голема мера се слични со знаците на зависност од алкохол, наведуваат истражувачите. Накусо, околу 13% покажале зависност и неможност да бидат одвоени од интернетот подолго време, додека пак околу 8% го користат за да избегат од проблемите и негативното расположение.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

1 Comment Интернетизам

  1. darko156 23/10/2006 at 10:14

    Сега ми е јасно. За да има рамнотежа на светско ниво кај нас секогаш по ТВ емисии (претходно искуство) и разни конференции се претставува и се анализира негативната страна.

    Блазеси им на американците што им се паднало да ја промовираат позитивната 😉

Comments are closed.