Чаршиски муабети

Се започна кога сакав да прочитам нешто повеќе за word of mouth. И нормално се упатив на wikipedia. Таму фина кратка јасна дефиниција, тазе обновена и нормално неколку квалитетни линкови до сајтови каде пишува за word of mouth.

Оттаму се упатив на здружението на Word of mouth маркетинг агенции (WOMMA). Да не заборавам, бидејќи ќе ми треба за покасно, на wikipedia прочитав дека некои понови дефиниции под word of mouth ги вклучуваат и блоговите, директните пораки, мејловите итн.

Назад на WOMMA. Помеѓу, стандардните линкови, нормално и официјални блогови :). Почанав јас така еден по еден да ги разгледувам и наидов на неколку интересни постови. Во еден од нив се пренесуваа некои статистики на hitwise.

И види мајката, според нивните последни статистики, неочекувано голем пораст е забележан во бројот на посети кои стасуваат до сајтовите за продажба на разно-разни работи а кои диаѓаат од MySpace.

Interestingly, social networking site MySpace.com accounted for 2.53 percent of all U.S. upstream visits to Shopping and Classifieds category for the week ending August 26, 2006, up from 1.28 percent six months ago (week ending February 25, 2006). In that period, the market share of visits to MySpace.com has increased 67 percent among all websites, and MySpace.com captured 4.88 percent of all U.S. visits for the week ending August 26, 2006. The top Shopping and Classifieds websites that were visited after MySpace for the week ending August 26, 2006 were eBay, Amazon.com, Gateway, Walmart.com, and Craigslist. …more

Е сега јас би сакал да се вратам неколку мои постови наназад и да си најдам оправдание зошто пишував за новите модели на рекламирање или можности за заработка на блогерите (претходен пост). Нормално дека рекламерите ќе се потрудат да изнајдат нови начини го изрекламираат својот производ, особено кога се забележува ваков раст кај социјални/општествените мрежи.
Јас верувам во word of mouth (ако ми најдете убав превод, ќе го сменам низ целиот пост). А вие продолжете ја приказнава понатаму, преку убавиот збор кој ќе излезе од ваша уста (тастатура).

1 Comment Чаршиски муабети

  1. Pingback: Другата у Ја

Comments are closed.