59 #ПрегледВоПеток

Ја завршуваме работната недела со уште еден преглед во петок. 🙂

Google ги подобрува резултатите од пребарувањето

Google направи промени во алгоритмот за пребарување што ќе влијае врз резултатите. Во суштина, ќе добиваме подобри (порелевантни) резултати бидејќи Google сега има подобро разбирање за тоа како зборовите се поврзани едни со други во дадена реченица (контекст).

Google вели дека промената во алгоритмот е веќе пуштена од пред два дена и ќе влијае врз околу 10% од резултатите од пребарувањата на англиски јазик направени во САД. Останатите јазици и земји ќе бидат адресирани постепено.

Facebook тестира реклами во делот Groups tab

Facebook тестира пуштање реклами во Groups tab каде корисникот гледа содржина од сите групи во кои што е член. Ова е уште еден пример за тоа како Марки ја користи секоја можна прилика да го зголеми капацитетот на реклами. И со фокусот на групите оваа година, големи се шансите дека рекламите што ги тестираат во табот за групите ќе бидат видени.

Instagram тестира нов “Invites” стикер за настани на Story

Продолжуваме со уште тестови. Новиот стикер ти овозможува да креираш настан – вклучувајќи назив, датум и локација – што потоа го објавуваш на Instagram Story како “Invites” стикер. Гледачите можат директно да RSVP од стикерите, нудејќи уште еден начин за поттикнување интерес и споделување ексклузивни настани.

LinkedIn Еvents: Нова алатка за планирање настани

LinkedIn Events е алатка што им овозможува на корисниците да креираат и да бидат дел од професионални настани, да ги поканат своите конекции, да менаџираат настани, да се поврзат со други кои ќе присуствуваат, и да одржуваат комуникација по завршетокот на настанот.

Во моментов Events е бесплатна алатка за користење и е достапна за сите корисници ширум светот.

Adidas признава, инвестирале многу повеќе одошто треба во digital и performance marketing

Adidas сака да направи промена од маркетинг ефикасност во маркетинг ефективност и признава дека фокусот на ROI придонел за поголема (одошто треба) инвестиција во digital и performance marketing, на сметка на градење на брендот. Многу добра презентација на Simon Peel (Adidas Global Media Director) за време на EffWeek 2019.

Бонус линкови

Тоа е сè за денешниот преглед во петок. Ако имаш линк што сакаш да го споделиме слободно пиши ни порака на Фејсбук.

Marketoonist on Instagram

Се читаме во следниот преглед во петок! 😉