Фејсбук на кило – Навали народе

Никогаш, ама апсолутно никогаш не се дрзнувам да коментирам јавно за колеги кои ја работат истата професија (без разлика кое е моето лично мислење за нивниот квалитет). Но ако преќутам на ова мислам дека го навредувам моето досегашно искуство. А ОВА е следното:

Знаете дека има луѓе кои заработуваат од својата работа на социјалните медиуми, јас сум една од нив, а ова денес што го прочитав богами опасно ме нанервира. Што е толку лошо во понудата? Ајде едно по едно:

– Првата точка од она што вклучува понудата е „Отворање на Фејсбук профил за Вашата компанија“. Прво, сите кои бар малце имаме искуство со работење Фејсбук за компании знаеме дека Фејсбук забранува профили на компании. Значи, ако сакате да биде вашата компанија на Фејсбук, треба да отворите ФБ страница. Дури и да е нивна ненамерна грешка, професионалци не смеат да си дозволат забуна.

– „Регистрација на уникатно Фејсбук име и адреса“ – малку се збунив кога ја прочитав точкава. Не знам што е толку комплицирано да се избере ФБ име и адреса на компанијата, зошто логично е дека ќе го избереш името на компанијата, а ако случајно адресата веќе постои, логично ќе додадеш некоја наставка, претставка или сл. За избор на овие елементи, не треба образование или искуство, мислам колку што јас ја разбирам работава.

– „Отворање на Добредојдовте, Контакт, Фото Галерија таб (во согласност со потребите и желбите на клиентот и во зависност од добиените материјали – текст, слики, видео материјали)“ – мислев дека веќе е опфатено во точката каде нудат креирање на табови. Или и за ова имаат посебна цена?

– „1 имејл испратен до вашата датабаза на клиенти за промоција на фан страницата“ – не знам што да коментирам за ова. Не ја разбирам услугата. Што нудат во оваа точка, креирање содржина, дизајн или?

– „Развој на контент план за месец дена: 20-25 постови месечно“ – за оваа тема ќе морам да напишам посебен пост. Имам многу да зборувам. Најголем број од агенциите работат на истиот начин. Можеби клиентите го бараат или пак ние агенциите сме ги научиле клиентите на вакви барања, ама секоја чест на оние што ќе седнат и ќе смислат 25 постови месечно уште во планот. После не ми е јасно што работат целиот месец?

– „2 часа обука на одговорно лице за понатамошно менаџирање со Фејсбук фан страницата“ – ова мислам дека е единствената светла точка од целата понуда, иако не знам што ќе научи одговорното лице за два часа. Но според цената која агенцијата ја нуди во понудава, 2 минути се многу, а не 2 часа. ОК, еве и за два часа да може одговорно лице да се обучи, која е поентата на оваа точка. Им плаќаш 1 месец, креираат план, поставуваат основа, обучуваат и тоа е тоа? Потоа компанијата сама си ја тера работата? Не ми е јасно.

 

Се извинувам на мојов „хејтерски“ испад, но го пишав на прва додека се уште бев запрепастена кога Ива го твитна. Затоа ја замолив Ива малку посталожено и со посмирен став да го образложи она што јас го исплукав погоре. Еве го и објаснувањето на ова:

Мислам дека мојата реакција на Твитер од утрово во голема мера се уште го одразува мојот став кон денешново „откритие“. Не сум од оние кои веруваат дека маркетинг агенциите не треба да се рекламираат, но цврсто стојам зад тоа дека ако веќе се рекламираат, тогаш навистина треба да покажат дека се добри во тоа што го прават преку таа реклама.

Зошто една компанија која треба „живее“ од маркетинг на социјални медиуми би направила ваков чекор, искрено не ми е баш јасно. Ваквата постапка не само што ги руши цените на конкурентите, па и на дејноста во целост, туку и ја позиционира компанијата како фирма која работи по фиксен терк, без многу посветување на внимание потребите/барањата на клиентите. Немам ништо против пакети на понуди и сметам дека за одредени клиенти се сосема доволно, но дури и тие треба да бидат прилагодени на клиентот а не да се продаваат на ваков начин. @Biljana утрово даде малку црно предвидување за иднината на нашава дејност, искрено се надевам дека овој оглас не е почетокот на спам сезоната со „Фејсбук страна за 99 денари“ мејлови.

Не знам дали понудава е некоја шега, но и да е шега тогаш е неприфатлива. Од истакнатите референци има некои кои имаат квалитетен настап на Фејсбук. Но понудава и одржувањето на Фејсбук страниците на дел од истакнатите брендови, како да ги креирале 2 различни агенции. А според она како сакаат да се претставуваат (сликата подолу), понудава вели дека ниту еден збор од описот на сликата не е точен. Искрено, крајно сум изненадена од овој потег и понудава беше тотално неочекувана.

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.

9 Comments Фејсбук на кило – Навали народе

  1. The Godfather 25/10/2012 at 21:11

    Класичен пример на претање пред појакиот. Јас сум економиста и овој Ваш потег така го разбирам.

    Групер е место каде се продава со попуст, а компанијата си ја прави математиката дали го прави тоа со зијан или од чисти маркетиншки причини.

    Бидете попаметни и најдете подобар пристап до клиентот на ионака тешкиот пазар во било кое поле.

    Пратам блогови од разни тематики и ценам дека и моето мислење треба да биде објавено како реакција на вашиот коментар.

    1. Наталија Стефановска 25/10/2012 at 21:54

      Критиките доаѓаат од три различни личности, три различни агенции. Во мојот дел, цената не е предмет на критика… прочитај убаво пак. Како и да е критиката е за целиот пристап. Благодарам за мислењето, но би го ценела само доколку не е анонимно и е потпишано со име и презиме.

      1. The Godfather 26/10/2012 at 00:15

        Тоа сум јас на Блог, кој знае знае кој не простено му е!

        А твојата реплика на мојот коментар е сосема доволна да видам со кого водам дебата, а која немам намера да ја продолжам. Толку си контрадикторна што е тажно, прочитај си го уште еднаш насловот на твојотата објава.

        Не бранам ничии ставови но ја бранам слободата на пазарот…

        Со сета моја економска едноставнот,

        1. Наталија Стефановска 26/10/2012 at 01:05

          Ти благодарам што ми прости. За жал не знам кој си и фино би било и линкче да вклучиш. Ајде пак, прочитај убаво во претходниот мој коментар. Мислењето е од 3 личности…дискусијата на Твитер е сведена на цена…насловот е слика на дискусија од повеќе луѓе. Мојот дел од постот не. Одлично е што се залагаш за слобода на пазарот, но барем да го направеше тоа во вистинска насока. Иако за мене и моите клиенти не е пресудна цената, понудава претставува тотално нелојална конкуренција и го загрозува џебот на останатите агенции кои барем толку го ценат своето знаење, трудот и искуство. Начин за рекламирање има 1001, а понудава е многу далеку од вистинскиот начин. Сите знаеме да играме со дампинг цени. А за ставките во понудата (многу поважна работа за мене) го кажав моето мислење. Ако не си спремен за дебата, не ја ни почнувај.

  2. славчо 26/10/2012 at 09:59

    Биди сигурна дека има луѓе со сериозни бизниси што појма немаат како се прави 70% од горенаведеното…

    1. Наталија Стефановска 26/10/2012 at 10:44

      Додека има такви, ќе има и конкуренција базирана на квалитет. Ако сите знаат се што треба, ќе мора да се оди на конкуренција со пониска цена. Тажно е што клиентите не секогаш можат да препознаат квалитетна понуда. Ама сигурна сум дека и на тоа ќе му дојде крајот.

  3. Горан 26/10/2012 at 10:09

    Какви дилетанти се овие Сајберлинк медиа… а копиљаците од кај нив ако решиле да коментираат, нека не го прават тоа анонимно ко пичици.

    И доста ги лажат потенцијалните клиенти дека ја водат ФБ страницата на Бекутан и ја ставаат како референца, затоа што не ја водат одамна, две агенции се сменија после нив.

  4. Ана 26/10/2012 at 12:02

    Знаејќи дека на фирмава некои од референците и се полувистинити/лажни, се прашувам колку се реални и останатите референци?

    Во овој случај не останува ништо друго освен да ги 'разберам' за ова непрофесионална, неука и нелојална промоција.

  5. Елена 26/10/2012 at 17:30

    Немам многу познавања од маркетинг на нови т.н. социјални медиуми, сега учам но имам коментар критика за тоа дека на компаниски блог е одобрен коментар во кој се користат вулгарни зборови…Поздрав

Comments are closed.