Авторите на комуникации.нет на Webit

Дополнето: на дното на овој пост може да ги најдете досега објавените блог постови

Дел од тимот на комуникации.нет, Наталија Трајчевска и Мите Кузевски, ќе присуствува на Webit Expo&Conference 2010 во Софија. Webit најголемиот маркетинг настан за Централна и Источна Европа, кој оваа година се одржува по втор пат. Краток осврт на минатогодишните случувања можете да прочитате во постот на Наталија, “Впечатоци од Webit 2009- eMarketing & eBusiness“, на emarketing.komunikacii.net.

По ланскиот огромен успех од повеќе аспекти, оваа година се надеваме на уште позрел пристап и поинтересни гледишта на трендовите и новостите во полето на маркетингот, комуникации и индустријата на мобилна телефонија. Во зависност од темата која ќе ја покриваме ќе блогираме на сите три блога во мрежата на комуникации.нет: komunikacii.net, emarketing.komunikacii.net и mobile.komunikacii.net.

Тимот на komunikacii.net кој ќе присуствува, ќе се потруди да ви ги пренесе сите впечатоци и оваа година. Ќе блогираме во живо и ќе пренесеме делови од панелите на повеќе еминентни експерти и компании во областа, како: Blake Chandlee од Facebook, Russell Buckley од AdMob, Alex Marks од eBay, и уште многудруги. комплетната програма може да ја видите на официјалната страница на Webit.

Освен блогирањето во живо, може на следите и на Twitter, каде ќе ги пренесуваме впечатоците во реално време под тагот #webit.

А сега посакајте ни среќен пат :).

Дополнување (27.10.2010): Македонската делагација веќе е на пат. Удобно и сигурно сместена во седиштата на автобусот. 🙂

Дополнување: Досега објавени блог постови:
Маркетинг преку мобилни телефони
Платформи за сервирање на реклами
Како Ericsson им приоѓа на огласувачите
Иднината на Интернет маркетингот
Иднината на огласувањето е онлајн видеото?
Социјалните медиуми и репутацијата на брендот
Ако се рекламирате офлајн, повеќе од потребно е да бидете присутни онлајн

Секој петок во твоето сандаче: преглед на најактуелните маркетинг, SEO, SEM, UX, дизајн теми и линкови од претходниот недела.