Во текот на вчерашниот ден проструи информацијата дека весниците кои се дел од МПМ односно од групацијата ВАЦ, Дневник, Утрински Весник и Вест стартуваа со наплата на електронското издание на печатената верзија. Од нив само Вест се одлучи на целосно затворање на информациите од печатеното издание додека Двеник и Утрински и понатаму ќе ги објавуваат во целост текстовите од печатеното издание на нивните вебсајтови. За причините за овој потег на МПМ и за тоа зошто се одлучиле на овој модел, какви други модели на наплата има во светот, бројки на претплати од првиот ден и уште некои други работи во овој подкаст зборуваме со Зоран Ричлиев советник за нови медимуми во МПМ.
Прочитајте ги првите перцепции на Филип Стојановски за наплатата на е-изданијата од страна на МПМ.
Чудно зошто не се појави повратен линк кон постов кај коментарите на мојот пост што е линкуван тука.
Навистина чудно. Не знам што би можело да биде проблемот.
МПМ не морал да се мачи, туку да се обрати на http://www.newspaperdirect.com/ штом веќе било за странство…
И кога снимате со лаптоп снимајте на батерија за да не зуи 🙂
Кој дел зуи? Додека одиме во живо со Ричи од студиото на Радио МОФ или Дарко што испрати аудио запис од Вебит?
Зуи нивниот дел во хотел. Туку, како тоа епресс е наменет за странците а прима само наплата со СМС од домашни телефонски броеви?!? Нешто не е во ред со прикаскава…
Втор обид беше тој за снимање, малку малер не стера, па моравме да снимаме на компјутер, не беше така плнирано иницијално :). Како и да е, фала на совет ќе имам на ум друг пат.
Човекот врска нема
Зошто? Ова што го прават е навистина пионерски потфат (како пионерите на Дивиот Запад :). Не постои готов рецепт а решението ако не се најде ќе останеме без информации. Им стискам палци!